Ковачевски: СДСМ врати 2,6 милиони евра назад кај граѓаните, досега тоа не се случило

December 23, 2023
1 min read

реклама


Во изминатите неколку години СДСМ врати 2,6 милиони евра назад кај граѓаните, од независноста до денеска не се случила толку голема финансиска поддршка, тоа граѓаните го знаат а ние сите сме горди на тоа, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на денешната трибина „Повеќе за сите“ во Кочани. 

Граѓаните знаат дека со СДСМ има повеќе за сите, додаде Ковачевски. 

реклама

-Само во изминатите неколку години СДСМ врати 2,6 милиони евра назад кај граѓаните. Од независноста до денеска не се случило толку голема финансиска поддршка, толку многу пари да бидат насочени за граѓаните. И тоа го знаеме ние, го знаат граѓаните, тоа го знаат студентите, работниците, пензионерите, лекарите, наставниците, негувателките, лекарите, тоа го знаат земјоделците, самохраните родители, тоа го знаат примателите на социјална помош, го знае бизнис заедницата, тоа го знаат стопанствениците, рече Ковачевски.  

Ние парите ги насочивме кон граѓаните, со нашите мерки и политики создаваме еднакви можности и подобри услови за секој човек, додаде Ковачевски.  

реклама

-Само со последниот, 9-ти пакет антикризни мерки, обезбедивме уште Повеќе за сите на кои им е неопходна помошта сега со продолжени дејствија на енергетската криза.  662 милиони евра насочуваме кон 120.000 млади лица, 187.000 пензионери, над 74.000 социјално ранливи граѓани, 40.000 земјоделци, 600.000 домаќинства и над 70.000 компании.  Тоа е повеќе за сите и тоа е нашата грижа за сите, рече претседателот Димитар Ковачевски денеска на трибината на СДСМ, Повеќе за сите во Кочани.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Толку за денеска, кој влегол влегол“: МВР ги затвора вратите своеволно, граѓаните не можат да си ги земат изработените пасоши

Следно

Бизнисменот Силјан Мицевски не ја дочека правосилната пресуда за „Меѓународен сојуз“ на Боки

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до

По иницијатива на Ѓурѓај профункционира првиот национален онлајн медиум minoritete.al (малцинства.ал)

По иницијатива и залагање на претседателот на македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, профункционира платформата minoritete.al (малцинства.ал), чија цел да биде заеднички глас, простор каде се одразуваат животот, културата, идентитетот и правата на
Go toTop