Муцунски: Да ги направиме празниците поубави, новогодишната магија пристигна во Аеродром

December 23, 2023
1 min read

Градоначалникот Муцунски на својата Фејсбук страна информираше дека по примерот на поголемите општини и градови, во текот на изминатите денови заврши украсувањето на општината кое Аеродром го реализираше со сопствени средства.

Сите поголеми паркови и поважните места, локации кои се во надлежност на општината, сега се украсени со новогодишни светилки и празнични декорации.

Да ги направиме празниците поубави и да уживаме во новогодишната магија и во Аеродром, напиша Муцунски на својата Фејсбук страна и истакна дека по минатогодишната пауза поради енергетската криза, оваа година празничната атмосфера повторно се доближува до граѓаните.

Празничната атмосфера ја доближуваме до граѓаните и внесуваме дополнителна радост и позитивна енергија во секојдневното живеење“, истакна Муцунски, кој воедно ги покани граѓаните на новогодишниот настан на храна, вино и вода што ќе одржи од 25 до 27 декември во паркот „Авион“.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЈО: Заврши процесот на адаптација и реконструкција на новиот објект на ОЈОГОКК

Следно

МВР продолжува со казнување во Скопје, овој пат санкционирани 118 возачи

Latest from Blog

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30

Тоневски од Пробиштип: Довербата и транспарентноста се клучни за рамнотежа меѓу рударството и екологијата

Придобивките од рударството за општините мора да се разгледуваат заедно со грижите на населението и потребата од континуирана заштита на животната средина, порача градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој учествуваше на
Go toTop