Ахмети: Нашата иднина е Европа, да чекориме рамо до рамо се до реализација на оваа програма

December 22, 2023
1 min read

реклама


Претседателот ДУИ, Али Ахмети денеска во годишното обраќање истакна дека нашата иднина е Европа и апелираше балканските земји да чекорат заедно, рамо до рамо, се до реализација на програмата за влез во Унијата.  

-Нашата иднина е Европа, ние сме европејци и нема како да се двоуми Европа за членство на нашата земја, Албанија, Косово и Црна Гора, се до исполнување на стандардите и на Србија со прифаќање на најновата држава во Балканот, Косово. Сите сме европејци. Затоа апелирам, исто како што сум рекол и пред десет години, затоа што Украина не е далеку, и велам не на Русија – да на Европа, и да чекориме сите заедно, рамо до рамо, се до реализација на оваа програма, истакна Ахмети. 

реклама

Ахмети зборуваше за важноста на членството во НАТО како една од важните цели на ДУИ за обезбедување на мирот, стабилноста и нула проблеми со соседите.

-Благодарение на овој ангажман ние ја земавме одговорноста за наоѓање на решение и на спорот со Бугарија и се направи Договорот за добрососедство, рече Ахмети.

реклама

Но според него, опозицијата прави дневни политики и свои пресметки за како да дојде до власт, но не им е на прв план членството на земјава во Европската Унија.

-Сум им рекол и на нив во нашите средби, а уште еднаш и јавно го кажувам ова: ако се патриоти, тогаш треба да подржат промена на Уставот и Бугарите да бидат уставна категорија, затоа што на овој начин македонскиот народ ќе биде легитимиран на меѓународно ниво. А ние Албанците не сме против нив, туку нас не имаат како поддршка, да не ја изгубат поддршката на нивните сограѓани кои никогаш не го оспориле ниту идентитетот ниту јазикот, туку секогаш дале поддршка. Нашата шанса е членството во ЕУ, и ние не можеме да направиме поголема услуга на нашиот народ од членството во ЕУ, додаде претседателот на ДУИ Ахмети.

реклама

Со членството во ЕУ, како што кажа Ахмети, луѓето ќе останат во својата земја и на овој начин може да се направат проекти за враќање на луѓето кои ја напуштиле.

Тој исто така во обраќањето посочи дека ДУИ во текот на годините се обиде да направи научна политика а не фолклорна, како и дека се обиде да направи рационална политика и филозофија, а не емоционална политика. 

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Финансова со кривична за злоупотреба на европски средства против пет лица

Следно

„Бехтел и Енка“ сака да одземе земјиште кое е дури километар оддалечено од зацртаната траса за автопатот Прилеп – Битола

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската транзиција е шанса за жените и младите

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари значајна средба со постојаната координаторка на Обединетите нации, Рита Колумбија, посветена на зајакнување на соработката за одржлив развој. На средбата се дискутираше

Манасиевски: Ристоска и Бубевски контролирале сè во СЈО, Јанева делела предмети по насока на Заев

Професионалците Ленче Ристоска и Гаврил Бубевски се однесувале како Алфа и Омега во СЈО, а денес се прикажуваат како жртви, додека Катица Јанева ги делела предметите на нејзините тимски играчи, од добиените

Пезешкијан: Иран не бара војна, економскиот притисок има за цел да ја оцрни владата

Зборувајќи на состанокот со религиозните водачи и следбеници од различни вери по повод 47-годишнината од Исламската револуција, Пезешкијан нагласи дека Иран се стреми кон мир, единство и служба на народот. Тој истакна

Андоновски на Глобален дијалог во Будимпешта 2026: Стратешката соработка е клуч за градење отпорни системи во дигиталниот свет

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, еден од главните говорници на Budapest Global Dialogue 2026, истакна дека стратешката соработка меѓу државите и партнерите е суштинска за градење отпорни институции, стабилни демократии и
Go toTop