Израелската полиција ги нападна Палестинците за да ги спречи за петочната молитва во Ал Акса

December 22, 2023
1 min read

КУДС (АА) – Израелската полиција денес употреби звучни бомби и солзавец врз Палестинците во Источен Кудс (Источен Ерусалим) за да ги спречи да стигнат до џамијата Ал Акса за да ја извршат петочната молитва, јавува Анадолу.

Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека нејзините екипи „третирале две повреди предизвикани со тепање од страна на израелската полиција во Баб ал Амуд и Баб ал Асбат во Кудс.“

Веќе 11-ти петок по ред од почетокот на израелската војна во Газа, израелската полиција воведува строги ограничувања кои спречуваат десетици илјади луѓе да стигнат до џамијата Ал Акса за молитва.

Големи полициски сили се распоредени пред портите на Стариот град и поставени се барикади за да се спречат верниците да поминат. Израелската полиција им дозволува само на старите лица да поминат и да влезат во џамијата за молитва.

Официјален претставник на Одделот за исламски вакаф во Кудс за Анадолу изјави дека само 12.000 луѓе можеле да ја извршат петочната молитва во џамијата, во споредба со над 50.000 луѓе при редовните молитви пред да бидат воведени ограничувањата.

Израелската полиција нападна и десетици верници кои се собраа на молитва во населбата Вади ал Џоз во близина на Стариот град.

Очевидци за Анадолу изјавија дека израелската полиција употребила шок-бомби и солзавец кон Палестинците и ги бркала низ улиците користејќи отпадна вода.

Очевидци посведочија и за полициски напади врз верниците во подрачјето на Баб ал-Амуд и Баб ал-Сахира, каде што Палестинците се обидоа да извршат молитва на улица.

Израел започна со жестоки напади врз Појасот Газа по нападот на Хамас на 7 октомври, откога загинати се повеќе од 20.000 Палестинци, главно жени и деца, а повредени 52.586, според здравствените власти во енклавата.

Израелските напади ја претворија Газа во урнатини, а половина од станбениот фонд на крајбрежната територија е оштетен или уништен, а речиси 2 милиона луѓе се раселени во густо населената енклава поради недостиг од храна и чиста вода.

Се верува дека бројот на загинати во Израел изнесува 1.200.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Доделени наградите на најдобрите спортисти на Град Скопје за 2023 година 22.12.2023

Следно

Синдикатот на полицијата поднесе кривични пријави против раководни лица во МВР за злоупотреба на службена положба

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop