Меџити: За кратко време ќе имаме повеќе од 10 лека ставени на позитивната листа

December 22, 2023
1 min read

реклама


Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити, во утринското интервју за „Слободен печат“ информираше дека за многу кратко време ќе имаме отприлика над 10 лека ставени на позитивната листа на лекови.

„Верувајте навистина моктрпно се работи во Министерството за здравство, во кабинетот и целото министерство. Ова е многу сензитивна точка, 15 години не е ревидирана, ажурирана позитивната листа на лекови. Постапивме многу сериозно и еден мој главен приоритет кога дојдов како министер кажав дека ќе биде позитивната листа. Ние тогаш немавме јасни протоколи, немавме стручна комисија, ние направивме сѐ и веќе комисијата неколку пати заседава, има состаноци, многу интензивно работат. За кратко време, еве можам да споделам во вашето студио дека за многу кратко време ќе имаме двоцифрен број веќе ставен во позитивна листа за најголемите дијагнози – кардиоваскуларни, онколошки, невролошки што ќе има терапија за тие дијагнози. И ќе бидат отприлика над 10 лека“, рече Меџити.

реклама

Тој посочи дека досега се разгледани околу 36 апликации, од кои 22 се оригинатори, 10 генерички и 4 се ентерална нутриција.

Меџити истакна дека денеска ќе бидат разгледани уште 28 нови апликации, а за следната година се побарани дополнителни 2,9 милијарди денари за нови лекови на позитивната листа.

реклама

„И на оваа проблематика и доаѓа крај. Но, ние тогаш кажавме дека листата ќе ја ажурираме два пати годишно и тоа ќе биде во октомври и април. Но, сега гледаме дека има потреба повеќе пати годишно да се разгледа и да се внесуваат лекови за да се ублажи оваа потреба за лекови на позитивна листа. Ние за тоа сме многу сериозни во сите насоки и така ќе постапиме“, изјави Меџити.

реклама

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поради нападите на Хусите во Црвеното Море пренасочени 170 контејнерски бродови, 35 запрени

Следно

„Стапица за глувци“ вечерва премиерно во театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop