Фидан: ЕУ ја смета Туркије повеќе за ривал отколку за партнер

December 22, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, изјави дека Европската Унија (ЕУ) ја смета Туркије повеќе за ривал отколку за партнер и дека членките на НАТО не ги земаат предвид безбедносните грижи на Анкара, јавува Анадолу.

„Ова ја доведе Туркије до тоа да развие повеќе способности и алтернативни стратегии“, рече Фидан во Парламентот.

„Тоа за нас не е избор“, рече Фидан, нагласувајќи дека тоа станало неопходност за „опстанокот на турската држава и нација“.

„Верувам дека доколку Унијата преземе конкретни чекори за ревитализација на процесот за членство на нашата земја, тоа ќе создаде нови можности за двете страни“, рече тој.

Нагласувајќи дека Туркије е решена да го унапреди процесот на интеграција со ЕУ, тој рече дека блокот мора да ја покаже „неопходната волја“.

„Од суштинско значење за ЕУ е да се ослободи од недостигот на стратегиска визија и здрав разум предизвикани од тесниот личен интерес на некои нејзини членки. За жал, ЕУ не презема исти охрабрувачки чекори за Туркије како што прави за другите земји кандидати“, истакна тој.

Туркије, официјален кандидат за пристапување во блокот, аплицираше за членство во 1987 година, а пристапните преговори започнаа во 2005 година.

Во годините потоа разговорите се суштински замрзнати поради политичките блокади од страна на одредени членки на ЕУ поради причини кои не се поврзани со нејзината компатибилност за членство.

Што се однесува до односите со НАТО, Фидан рече дека Алијансата и билатералните односи во евроатлантскиот простор се една од важните теми на турската надворешна политика во последните 70 години.

„Кога ги гледаме политиките што ги спроведуваат некои земји од НАТО во последниве години, поддршката дадена на ПКК/ЈПГ во Сирија и санкциите наметнати на Туркије во одбранбената индустрија создаваат контрадикторност“, рече тој.

Истакнувајќи дека Туркије ја изразува контрадикторноста на секоја платформа, тој рече дека тоа ѝ штети на безбедноста на земјите од НАТО и претставува геостратегиски ризик.

За пристапниот процес на Шведска, тој рече дека турскиот Парламент ќе донесе конечна одлука.

Финска и Шведска аплицираа за членство во НАТО веднаш откако Русија ја започна својата војна против Украина во февруари 2022 година.

Иако Туркије го одобри членството на Финска во НАТО, таа чека Шведска да ги исполни своите обврски да не дава засолниште за терористите или поддржувачите на терористите и да не го олеснува нивното дејствување.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го потпиша протоколот за пристапување на Шведска во НАТО и го достави до Парламентот во октомври за ратификација.

Туркије бара од САД да го купи најновиот модел на авиони Ф-16 Блок 70, како и 79 комплети за модернизација за да ги надгради своите преостанати Ф-16 до нивото Блок 70.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Арачиновци плаќаат данок, а во Општината има и кој да ги наплати!

Следно

Елиф Елмас за 25 милиони евра се сели од Наполи во Лајпциг

Latest from Blog

Градоначалникот Коњановски ги додели наградите 4-ти Ноември за култура и образование

На свечената академија по повод 81-вата годишнина од ослободувањето на Битола, беа доделени традиционалните општински награди за најуспешни поединци и институции. Највисоката награда за животно дело годинава му беше доделена на ликовниот

Митева: ВМРО-ДПМНЕ повторно ја доби довербата од граѓаните, но колку е таа поголема, толку е поголема и одговорноста

Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија изјави дека големата доверба што граѓаните ја дадоа на локалните избори претставува уште поголема одговорност.

Мадона се мажи за момче, помладо од нејзината ќерка- свадбата ќе се одржи во Европа

Странските медиуми објавуваат дека Мадона (67) наскоро би можела да го каже судбоносното „да“ на своето 38-годишно момче Аким Морис (29), со кого е во врска неколку години. Според „Радар онлајн“, Аким
Go toTop