САД велат дека се подготвени да гласаат за резолуцијата на СБ на ОН за Газа

December 22, 2023
2 mins read

САД претходно гласаа против повиците за прекин на огнот во Појасот Газа на Генералното собрание на ОН, а ставија и вето на резолуцијата на Советот за безбедност која го вклучуваше зборот „прекин на огнот“ во текстот. За усвојување на резолуцијата потребни се најмалку девет гласа „за“ од 15  членки. Право на вето имаат САД, Кина, Русија, Велика Британија и Франција

По еднонеделни тензични дипломатски разговори, Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) денеска треба да гласа за резолуцијата за интензивирање на хуманитарната помош за Газа, откако САД изразија поддршка за најновиот нацрт-предлгог, пренесуваат светските медиуми.

Седница на Советот за безбедност на Обединетите нации / Фото: EPA-EFE/SARAH YENESEL

Гласањето за резолуцијата беше одложувано четирипати, а по разговорите вчера доцна вечерта американската амбасадорка во ОН, Линда Томас-Гринфилд изјави дека САД и арапските држави се усогласиле околу изменета верзија на предлог-резолуцијата која Вашингтон може да ја поддржи, пренесува Би-би-си.

Сепак, како што наведува британскиот национален сервис, амбасадорката не била јасна во ставот дали САД ќе гласаат „за“ или „воздржано“.

Американската амбасадорка ја даде изјавата по состанокот зад затворени врати на кој Советот за безбедност повторно го одложи гласањето за резолуцијата со која се бара прекин на борбите меѓу Израел и Хамас и зголемување на хуманитарната помош за Газа.

„Поготвени сме да гласаме. Тоа е резолуција што ќе донесе хуманитарна помош на оние на кои им е потребна. Тоа ќе го поддржи приоритетот што го има Египет дека ќе обезбедиме механизам на теренот што ќе ја поддржи хуманитарната помош и ние сме подготвени да продолжиме напред“,

изјави Томас-Гринфилд, пренесува „Гардијан“.

САД претходно гласаа против повиците за прекин на огнот во Појасот Газа на Генералното собрание на ОН, а ставија и вето на резолуцијата на Советот за безбедност која го вклучуваше зборот „прекин на огнот“ во текстот.

Заменик-амбасадорот на САД во ОН Роберт Вуд тогаш пред Советот за безбедност изјави дека тоа е затоа што нацртот не ги спомнува нападите на Хамас на 7 октомври врз јужен Израел.

Новинската агенција ДПА, која имала увид во најновата нацрт-резолуција, јави дека во текстот се повикува Израел веднаш да дозволи безбеден и непречен хуманитарен пристап до Појасот Газа и оти мора да се создадат и услови за одржлив прекин на насилството.

Според агенцијата, членките на најмоќното тело на ОН постигнале компромис за контроверзното прашање за тоа како треба да се проверуваат стоките, дека проверките треба да ги врши новоименуваниот координатор на ОН. Во соработка со сите учесници, овој координатор треба да обезбеди и забрзување на меѓународната помош.

Другите пасуси, како што се наведува, се избришани под притисок на САД, вклучително и параграф со кој се осудуваат сите прекршувања на меѓународното хуманитарно право, вклучувајќи ги и сите неселективни напади врз цивили и цивилни објекти. Итниот прекин на насилството, кој се бараше претходно за да се овозможи испорака на помош, исто така, го нема во најновиот нацрт.

За усвојување на резолуцијата потребни се најмалку девет гласа „за“ од 15  членки. Право на вето имаат САД, Кина, Русија, Велика Британија и Франција.

Останува неизвесно дали другите членки на Совето за безбедност со право на вето, особено Русија, ќе ги прифатат промените. Гласањето за денеска, како што пишува „Гардијан“ било договорено за да имаат време мисиите на земјит членки на Советот да се консултираат со властите во нивните престолнини.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Денеска ќе се избере в.д. републички јавен обвинител

Следно

Советот за безбедност на ОН повторно го одложи гласањето за хуманитарна помош во Газа

Latest from Blog

Божиновска: Нема да има прекини во греењето, државата има доволно резерви на мазут

Граѓаните нема да почувствуваат никакви прекини во снабдувањето со топлинска енергија, иако ЕСМ побара прогласување кризна состојба. Министерката за енергетика, Сања Божиновска, денеска на брифинг со новинарите порача дека државата има доволно

Комерцијална банка, Алкалоид и Македонијатурист најтргувани на денот

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 22 декември 2025 година, индексот МБИ10 порасна за 0,23%, достигнувајќи ниво од 10.114,76 поени,

Храна која го олеснува живеењето ВО УСЛОВИ НА ЗАГАДЕН ВОЗДУХ

Во текот на зимските месеци, жителите на урбаните средини многу често се изложени на зголемени концентрации на загадувачки материи во воздухот, што неповолно влијае првенствено врз респираторните и кардиоваскуларните функции. Покрај стандардните

Николоски објави видео: Буквално пробиваме планини, најтешкиот дел од автопатот Охрид-Кичево го решаваме со 14 галерии

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски објави видео од работите на автопатот Кичево-Охрид. -НАЈТЕШКИОТ ДЕЛ од автопатот Охрид-Кичево го решаваме со изградба на 14 ГАЛЕРИИ кои прв пат се изведуваат во

Проданоски: Турскиот јазик е важен дел од културниот мозаик во Прилеп

По повод Денот на наставата на турски јазик, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати искрени честитки до сите наставници, ученици и образовни работници кои ја негуваат и унапредуваат наставата на мајчин
Go toTop