Парламентот на Албанија го укина имунитетот на Сали Бериша, отворен е патот за негово апсење

December 21, 2023
1 min read

ТИРАНА (АА) – Парламентот на Албанија денес со 75 гласа гласаше за одземање на пратеничкиот имунитет на поранешниот премиер Сали Бериша, со што се отвори пат за негово апсење на барање на специјалниот обвинител, јавува Анадолу.

Парламентот на Албанија го одобри барањето на Специјалното обвинителство за борба против корупцијата и организираниот криминал во Тирана (СПАК) за давање дозвола за апсење на поранешниот премиер Бериша.

Предметното барање беше усвоено при тензии на денешната собраниска седница што траеше околу девет минути. За укинување на имунитетот беа 75 од 140 пратеници во албанскиот Парламент, а на седницата присуствуваше и самиот Бериша.

Денешната седница на Парламентот на Албанија беше одбележана и со тензии и инциденти бидејќи претставници на Демократската партија на Албанија (ПД) и други членови на опозицијата надвор од пратеничките групи ја блокираа говорницата со столчиња, фрлаа димни бомби и се судрија со стражарите кога влегуваа во салата.

По одобрувањето на барањето за одземање на пратеничкиот имунитет, Специјалниот првостепен суд за корупција и организиран криминал на Албанија треба да одлучи за промена на мерката за безбедност на поранешниот премиер Бериша.

СПАК на 12 декември побара од Парламентот на Албанија да го одобри апсењето/одземањето на слободата на поранешниот премиер Бериша, преку измена на мерката за безбедност. Во моментов поранешниот премиер Бериша е принуден да се појави пред судската полиција и забрането му е да ја напушти земјата поради обвинение за корупција.

На зетот на Бериша, Џамарбер Малтези, првично му беше одредена мерка „затворски притвор“, а потоа и „куќен притвор“ бидејќи е осомничен за корупција и перење пари. Наводно, Бериша сменил одредени закони во корист на неговиот зет при приватизацијата на терените и спортските објекти на фудбалскиот клуб Партизан и спортскиот клуб Партизан во Тирана.

Поранешниот премиер Бериша претходно беше прогласен за личност „нон грата“ од САД и Велика Британија.

Бериша беше претседател на Албанија од 1992 до 1997 година и премиер од 2005 до 2013 година, а на изборите на 25 април 2021 година беше избран за пратеник на опозициската Демократска партија на Албанија.

Во Парламентот на Албанија, во моментов Бериша ја извршува функцијата пратеник надвор од пратеничките групи, поради неодамнешните конфликти во Демократската партија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гази Баба се поврзува со Чаир и Бутел – Започна изградбата на булеварот „Хрватска“

Следно

Папата ги нападна конзервативците: Да останеме будни против крутите идеолошки позиции кои често нѐ спречуваат да одиме напред

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop