Гази Баба се поврзува со Чаир и Бутел – Започна изградбата на булеварот „Хрватска“

December 21, 2023
1 min read

Градот Скопје отпочнува со реализација на проектот за булевар Хрватска, кој е ветуван пред граѓаните, а не е реализиран повеќе децении.

– Проектот е еден од најголемите инфраструктурни проекти по чија реализација Скопје ќе има сообраќајно решение со карактер на внатрешна обиколница околу централното јадро и со која се обезбедува побрзо и посигурно поврзување на општината Гази Баба со Чаир и Бутел. Со реализацијата на овој долго очекуван проект во првата фаза се изведува подземната инфраструктура, по што следи фаза на изведба од подвозникот кај Бутел до кружниот тек кај Автокоманда. Со ова сообраќајно решение се затвора вториот кружен прстен во Скопје кој ќе ги намали значително гужвите во сообраќајот, информираа од Град Скопје. 

– Изградбата на булеварот Хрватска и водоводот по неговата траса се капитални проекти чија реализација е неопходна за развој на Скопје. Иако ветувани со децении досега не се преземени никакви чекори за негова реализација, а ова е првата градежна активност за реализација на овој проект, со што воедно се создаваат предуслови за надминување на предизвиците со нормалното водоснабдување за населбите Ченто, Стајковци, Сингелиќ, Инџиково и Хиподром, истакна  градоначалничката Арсовска.                       

Екипи од Градот Скопје и градоначалничката Данела Арсовска денеска на терен присуствуваа на отпочнувањето на градежните активности за вградувањето на игличестиот вентил на цевководот со профил Ф1600, со што ќе се постигне регулација на проток на вода кон населбата Железара, но истиот ќе овозможи и поврзување на двата магистрални водоводни цевководи, едниот со профил Ф700 на булеварот Александар Македонски  и другиот со профил Ф1600 по новопроектираниот булевар Хрватска. Изградбата на овој дел од водоводната мрежа е предуслов за подобрување на водоснабдувањето на целата територија на општина Гази Баба, информираа надлежните. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Жителите „на клоци“ ги избркаа функционерите дојдени на јавната дебата за отворање каменолом во Страчинци

Следно

Парламентот на Албанија го укина имунитетот на Сали Бериша, отворен е патот за негово апсење

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop