Утре репризно ќе се изведе балетскиот триптих „Молитви на моето тело“ – инспириран од циклусот поезија со истоимениот наслов на Ацо Шопов

December 21, 2023
1 min read

По успешната премиера (20 декември) во Националната опера и балет на 22 декември со почеток во 20.00 часот, репризно ќе се изведе балетскиот триптих „Молитви на моето тело“ – инспириран од циклусот поезија со истоимениот наслов на Ацо Шопов, а по повод одбележување 100 години од раѓањето на поетот.

Креативниот мозаик е составен од авторите: идејата за проектот и костимографијата е на Александар Ношпал, драматург е Соња Здравкова-Џепароска, кореографи се: Ивана Коцевска, Адријана Данчевска, Саша Евтимова, музиката е на Дарија Андовска, Александар Гроздановски и Александар Пејовски , сценограф е Михајло Стојановски, визуелен уметник – Флоријан Чанга од Албанија, камера и видеомонтажа на филм: Доријан Миловановиќ, мултимедија и графички дизајн – Лазе Трипков, а поетско читање ќе слушнеме од актерот Никола Ристановски. Асистент костимограф е Ангела Богеска, светло: Јакуп Јакуп, Нино Митевски, Перо Марачков.

Поезијата на Шопов односно истоимениот циклусот поезија ќе биде „прочитана“ со јазикот на танцот создаден од тројца македонски кореографи на музика на тројца македонски композитори и останатите уметници.

Во формат на триптих, балетската претстава „Молитви на моето тело“ претставува 90-минутно креативно „сплотување“ на тим од тринаесет уметници, сценски пренесено од првенците, солистите и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Несоодветна облека дадена како донација во основно училиште во Берово, градоначалникот упати извинување!

Следно

Жителите „на клоци“ ги избркаа функционерите дојдени на јавната дебата за отворање каменолом во Страчинци

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop