Во Штип одбележани 100 години од раѓањето на Ацо Шопов

December 20, 2023
1 min read

Со положување цвеќе пред спомен-бистата на македонскиот поет Ацо Шопов денеска се одбележаа 100 години од неговото раѓање. Преставници од Општина Штип, политички патрии, делегации, здруженија, пријатели и преставници од семејството дадоа почит на великанот, кој преку поезијата го прошири македонското име надвор од гранците на државата.

Еве денес се одбележува стогодишнината од раѓањето на Ацо Шопов, нашиот голем човек, поет кој ги отвори со својата поезија ширум вратите на Македонија во светот. Положивме цвеќе, му оддадовме голема почит, се слеавме во тишината покрај неговата спомен-биста, оставајќи си на себе еден завет дека треба да го почитуваме неговото дело, да ги негуваме неговите оставнини кои ни ги даде, неговите песни, вели во пригодната реч за Ацо Шопов, Драгица Петрова, професор по македонски јазик во ООУ „Славејко Арсов“-Штип.

Во штипските културни институции цела година е во знакот на одбележување на стогодишнината од раѓањето на Ацо Шопов и се реализираат низа настани по овој повод.

Вчера на одбележувањето на патронот на град Штип, постхумно великанот Шопов го доби и Орденот „Свети Никола“, а го прими неговата ќерка Јасмина Шопова.

Шопов е македонски поет и револуционер кој остави многу, а идните генерации треба да чекорат по неговите стапки.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Соопштение за јавност 20.12.2023

Следно

На Пентагон не му излегува есапот на оборување дронови со 2-милионски проектили

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop