Во галеријата „Остен“ изложба на дела на Борко Лазески изработени во ателјето на Андре Лот во Париз

December 20, 2023
1 min read

Во Галеријата „Остен“ во Скопје, на 20 декември (19 ч). ќе биде отворена самостојна изложба на дела на познатиот македонски уметник Борко Лазески, изработени за време на неговиот престој на Лазески во Париз во ателјето на познатиот француски сликар, теоретичар и педагог Андре Лот, во периодот од 1946 до 1948 година. На изложбата ќе бидат претставени 23 дела од Лазески (два цртежи, молив на хартија; дваесет темпери на хартија и едно масло на хартија). На изложбата ќе биде претставено и едно дело од Андре Лот (цртеж, молив и пастел на хартија) од колекцијата на Остен музејот.

Оваа изложба претставува прекрасен увид во корените на сликарството на нашиот голем македонски сликар Борко Лазески. Престој на Борко Лазески во Париз како стипендист на француската влада од 1945 – 1948 година е клучен период во неговиот професионален развој и трајно го дефинира неговиот уметнички стил. Тоа особено се должи на престојот во ателјето на Андре Лот од 1946 – 1948 г., всушност меѓународна академија каде престојувале и уметнички се граделе голем број на млади сликари од целиот свет, вклучително уметници од тогашната Југославија. Може да се набројат повеќе славни имиња кои ја посетувале академијата на Андре Лот: Анри Картие-Бресон (Henri Cartie-Bresson), Франција; Вилиам Клајн (William Klein), САД; Тамара де Лемпицка (Tamara de Lempicka), Полска; Ханс Хартунг (Hans Hartung), Германија; Дора Мар (Dora Maar), Франција и други.

Борко Лазески е единствениот студент од Македонија во атељето на Андре Лот кој ги следел неговите предавања речиси три години, во повоениот период од 1946 до 1948 година.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Спасовски: Издвоени 13 милиони евра од Буџетот на МВР за униформи, техничка опрема и возила

Следно

Пофалби за известувањето на Анадолу за војната во Газа од директорот за комуникации на Туркије

Latest from Blog

Проданоски: Стотици учесници на јубилејната велосипедска манифестација во Прилеп

Јубилејното 20-то издание на традиционалната рекреативна манифестација „Сите на велосипед“-2026 успешно се одржа денеска во Прилеп, со учество на голем број велосипедисти, млади, деца и љубители на спортот и рекреацијата. Учесниците возеа

Милион и пол верници веќе пристигнаа во Мека, и покрај војната во иран и заканите од напади

Според официјалните податоци, еден и пол милион верници пристигнале само од странство пред почетокот на годишното поклонение во понеделник. Патот низ светите места По посетата на Каба, главното светилиште на исламот во

Премиерите на Македонија и Хрватска, Мицкоски и Пленковиќ, утре ќе остварат средба во Охрид

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски утре во Охрид ќе му биде домаќин на претседателот на Владата на Хрватска, Андреј Пленковиќ. По пречекот на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, Мицкоски и Пленковиќ
Go toTop