Товарни возила во колони чекаат за влез во земјава на преминот Ѓуешево -Деве Баир

December 18, 2023
1 min read

реклама


Неисчистен снег на македонската страна од граничниот премин Ѓуешево-Деве Баир, според тврдењата на превозниците, го отежнува влезот на товарните возила во државава, кои чекаат со часови, а со таков проблем се соочуваат од викендот  од кога била формирана колона долга повеќе километри. 

-Нашите камиони останаа заглавени за викендот, кога возачите мораа да останат и да преспиваат во возилата, по минати над илјада километри од Романија. Снегот е расчистен од патот и на бугарската страна, ама на вагата на Деве Баир се создава проблемот. Има километарска колона од другата страна на границата, превозници од Турција, Албанија, македонски превозници, кои реагираат што и денес, од утринава едвај се имаат придвижено кон терминалот. Моите камиони, како и бројни други, ги враќавме кон Ќустендил викендов и денес уште не поминаа, а како што ме информираат возачите, со оваа динамика на минување може ниту до полноќ нема да преминат, изјави Роберт Младеновски од Крива Паланка, сопственик на компанија превозник.

реклама

И дел од возачите кои контактираа со МИА се жалат дека иако не станува збор за обилни снежни врнежи, повторно како и години наназад, се соочуваат со истиот проблем.

– Повеќе време минав во чекање, отколку возење од Романија до тука. Од 8 часот утрово колоната се движи минимално, а не верувам дека до крај на денот ќе влеземе во нашата држава. Јас сум од Крива Паланка, па ќе отидам  дома, но тука има колеги од Турција, Албанија, кои ги чекаат десетина часа возење и непотребно губат време овде, вели превозник со долгогодишно искуство во областа на транспорт со тешки товарни возила.

реклама

Ниските температури во текот на ноќта кои достигнуваат и 7- 8 степени под нулата го оневозможуваат дејството на солот кој е фрлен заедно со абразивен материјал од страна на службите на ЈП Комуналец, Крива Паланка, информираа од претпријатието задолжено за зимско одржување. Оттаму велат дека и утре повторно ќе се расчистува.

реклама

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мисајловски: Единствена партија која може да направи огромна победа и да добие 61 пратеник на претстојните парламентарни избори е ВМРО-ДПМНЕ

Следно

Ердоган: Туркије и Унгарија ги издигнаа билатералните односи до засилено стратешко партнерство

Latest from Blog

Проданоски: Стотици учесници на јубилејната велосипедска манифестација во Прилеп

Јубилејното 20-то издание на традиционалната рекреативна манифестација „Сите на велосипед“-2026 успешно се одржа денеска во Прилеп, со учество на голем број велосипедисти, млади, деца и љубители на спортот и рекреацијата. Учесниците возеа

Милион и пол верници веќе пристигнаа во Мека, и покрај војната во иран и заканите од напади

Според официјалните податоци, еден и пол милион верници пристигнале само од странство пред почетокот на годишното поклонение во понеделник. Патот низ светите места По посетата на Каба, главното светилиште на исламот во

Премиерите на Македонија и Хрватска, Мицкоски и Пленковиќ, утре ќе остварат средба во Охрид

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски утре во Охрид ќе му биде домаќин на претседателот на Владата на Хрватска, Андреј Пленковиќ. По пречекот на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, Мицкоски и Пленковиќ
Go toTop