Во Анкара утре ќе биде отворена четвртата изложба „Istanbul Photo Awards 2023“

December 18, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Во Анкара утре ќе се отвори овогодинешната изложба на „Istanbul Photo Awards“, што ќе трае до 30 декември, а на церемонијата ќе присуствува и претседателот и извршен директор на Анадолу, Сердар Караѓоз, јавува Анадолу.

Четвртата изложба на „Istanbul Photo Awards 2023“, меѓународниот натпревар за избор на фотографија организиран од Анадолу, ќе биде организирана во салата за концерти на Претседателскиот симфониски оркестар (CSO) на Анкара, Ада Анкара.

Караѓоз ќе биде домаќин на отворањето на изложбата, на која ќе бидат прикажани и фотографии од претходните изданија на натпреварот на тема Палестина.

Во просторот за изложба ќе бидат прикажани фотографии кои ја документираат реалноста во Појасот Газа од дописниците на Анадолу кои работат во Газа.

Посетителите ќе можат да видат фотографии кои ги документираат настаните во светски рамки, од војната во Украина до Светското првенство во фудбал 2022 во Катар.

Организиран со поддршка на „Никон Туркије“, Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) и „Туркиш ерлајнс“, натпреварот додели награди во 10 категории во годинашното издание откако жирито ги избра победниците меѓу 21.000 поднесени фотографии.

Наградата за фотографија на годината му припадна на Сергеј Козлов, фотограф од Европската агенција за печат (ЕПА), за фотографијата на тема „Војната меѓу Украина и Русија“.

Професионалните фотографи ќе можат да учествуваат на натпреварот следната година, за кој може да испраќаат апликации до крајниот рок на 17 јануари, со свои фотографии кои ја одбележаа светската агенда.

Повеќе информации за натпреварот и преглед на победничките фотографии се достапни на https://istanbulphotoawards.com/.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Вечерва во 360° на МРТ 1: Интервју со Мицкоски за двојното убиство, изборите, О’Брајан, црната листа

Следно

Продолжува трендот на намалување на италијанското население

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop