Ердоган со највисоки почести пречекан во Унгарија

December 18, 2023
1 min read

БУДИМПЕШТА (АА) – Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, пристигна во официјална посета на Унгарија, а во Будимпешта со највисоки почести го пречека унгарската претседателка Каталин Новак, јавува Анадолу.

На плоштадот „Херои“ турскиот претседател на унгарски ја поздрави гардата, при што беа интонирани химните на двете земји.

Двајцата претседатели ги поздравија делегациите на Туркије и Унгарија.

На церемонијата беа присутни турската министерка за семејство и социјални услуги, Махунир Оздемир Ѓокташ; министерот за надворешни работи, Хакан Фидан; министерот за внатрешни работи, Али Јерликаја; министерот за култура и туризам, Мехмет Нури Ерсој; министерот за национална одбрана, Јашар Ѓулер; шефот на Одделот за комуникации при турското Претседателство, Фахретин Алтун; главниот советник на претседателот, Акиф Чагатај Килич; и амбасадорката на Туркије во Будимпешта, Ѓулшен Каранис Екшиоглу.

По пречекот, Ердоган и Новак преминаа на средба во палатата „Сандор“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дали дојава од Путин го смени кинескиот министер за надворешни работи?

Следно

Католичкиот кардинал го осуди ладнокрвното убиство на две жени од израелски снајперист во црквата во Газа

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop