Османи: Неодговорни политичари ризикуваат да ни се повтори грешката од Букурешт 2008

December 18, 2023
1 min read

реклама


При утринското интервју за Слободен Печат, Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ја коментираше и поздрави геополитичката одлука на Европската Унија за почеток на преговори со Украина, посочувајќи: „Граѓаните на Северна Македонија не се вознемирени од позитивната одлука на Унијата за Украина, туку од политичарите коишто со неусвојувањето на потребните уставни измени ризикуваат повторување на грешката на Букурешт 2008”.

 Според Османи, тоа би значело повторно долгорочно заглавување на државата на евроинтегративниот пат, т.е., околу најважните прашања за граѓаните: за стандардот, за нивната одлука дали ќе останат овде или ќе заминат надвор, за работните места, за нивните плати, за здравството, за образованието. „Паметните учат од туѓите грешки, не-паметните од своите. Ние се доведуваме во ситуација ни од своите грешки не учиме. Дозволуваме повторно едни темни сили – националистички, да ни ја киднапираат иднината заради лични агенди. Јас сум сигурен дека подоцна ние ќе најдеме решение бидејќи времињата не се од Букурешт 2008 година, но теоретски ризикот е ние уште една декада да изгубиме” истакна Османи, повикувајќи ги опозициските партии да не останат индиферентни во овие критични времиња за иднината на земјата, да мислат за следните генерации наместо за следните избори.

реклама

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сообраќајка во Скопје, прегазен е пешак

Следно

Иран потврди: Израел стои зад кибернападот на бензинските пумпи

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop