Алтун: „Вистината е тоа што ќе го води нашиот свет кон иднината“

December 18, 2023
2 mins read

ИСТАНБУЛ (АА) – Директорот за комуникации при турското Претседателство, Фахретин Алтун, вчера изјави дека вистината е примарен фактор што ќе го води светот кон „поправедна, постабилна иднина и попогодна за живеење“, јавува Анадолу.

Говорејќи на 14. доделување на меѓународните награди за документарни филмови на ТРТ што се одржа во Истанбул, Алтун изрази големо задоволство и среќа што е присутен со водечките документаристи од целиот свет.

Посочувајќи дека настанот, кој стана традиција, веќе е глобален бренд со 998 апликации од 93 земји, тој рече дека „успешниот документарен филм може да се осврне на оригинална тема, да создаде емоционално и интелектуално влијание врз публиката, да поседува ефективни наративни вештини, да усвои иновативен пристап, има визуелен и аудитивен квалитет и, се разбира, се манифестира со објективност. Успешен документарен филмски режисер несомнено е оној што може успешно да ги демонстрира овие пристапи во својата работа“.

„Сепак, покрај сето ова, правењето документарни филмови е работа на срцето. Делата презентирани од документарците произлегуваат од посветеност, трпение и вистина. Во оваа смисла, документарците секогаш се во потрага по вистината што е изгубена или игнорирана, обидувајќи се да го извадат на виделина тоа што е скриено, понекогаш фокусирајќи се на географијата, историјата, природата и директно на човечките суштества, без да се исклучи од вистината“, рече тој.

„Реконструкцијата и зајакнувањето на врската на гледачот со вистината е во самиот центар на правењето документарен филм, со цел да се обнови и зајакне колективната меморија на човештвото и да се даде придонес во историјата преку нејзино доловување.“

– „Вистината е тоа што ќе го води нашиот свет кон иднината“ –

Истакнувајќи ја големата важност да се каже вистината и да ѝ се остане лојален, Алтун истакна:

„Она што ќе го води нашиот свет кон поправедна, пожива и постабилна иднина е првенствено вистината, она што ќе го направиме врз основа на вистината или што нема да направиме со тоа што ќе ја избегнеме. Кога ќе го погледнеме светот денес, климатските промени и нарушената природна рамнотежа се вистини. Многу вооружени конфликти, масакри и војни на локално и регионално ниво денес се вистини. За жал, вистини се и расизмот, говорот на омраза, исламофобијата и подемот на ксенофобијата во 21 век.“

„Фактот дека во Газа не само муслиманите туку се убива и човештвото, се бомбардираат спокојството и стабилноста не само во Палестина туку и во целиот свет повеќе од два месеца пред очите на целиот свет, за жал, е вистина. Од кој агол и да погледнете, вистина е дека Израел врши големо воено злосторство, врши геноцид и убива повеќе од 20.000 невини луѓе повеќе од два месеца неселективно пред очите на цел свет“, рече тој.

„Сепак, вистина е и дека некои, со својата медиумска моќ, се обидуваат да го доведат човештвото до катастрофа, обидувајќи се да ја прикажат вистината како лажна, а лагите како вистина со дезинформациите што ги произведуваат. Во оваа смисла, зајакнувањето на врската помеѓу вистината и човештвото е исклучително критична и витална за нашата иднина.“

Алтун нагласи дека правењето документарни филмови зазема многу важно место во овој поглед бидејќи е моќен начин да се прикаже невиденото и да се слушне нечуеното.

„Ветераните на документарниот филм исполнуваат многу важна одговорност стремејќи се да ја вратат вистината што намерно или ненамерно е маргинализирана на вистинскиот пат“, рече тој.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кој сакал да го прислушува Залужниј?

Следно

Ковачевски ќе биде носител во првата изборна единица

Latest from Blog

Манасиевски: Ристоска и Бубевски контролирале сè во СЈО, Јанева делела предмети по насока на Заев

Професионалците Ленче Ристоска и Гаврил Бубевски се однесувале како Алфа и Омега во СЈО, а денес се прикажуваат како жртви, додека Катица Јанева ги делела предметите на нејзините тимски играчи, од добиените

Пезешкијан: Иран не бара војна, економскиот притисок има за цел да ја оцрни владата

Зборувајќи на состанокот со религиозните водачи и следбеници од различни вери по повод 47-годишнината од Исламската револуција, Пезешкијан нагласи дека Иран се стреми кон мир, единство и служба на народот. Тој истакна

Андоновски на Глобален дијалог во Будимпешта 2026: Стратешката соработка е клуч за градење отпорни системи во дигиталниот свет

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, еден од главните говорници на Budapest Global Dialogue 2026, истакна дека стратешката соработка меѓу државите и партнерите е суштинска за градење отпорни институции, стабилни демократии и

Зимски услови на државните патишта: Намалена видливост на планинските премини, внимателно возење

Државните патишта се сè уште под влијание на зимските услови. На планинскиот превој меѓу селото Лисец и Попова Шапка се забележуваат мали остатоци од снег кои се задржани на коловозот, додека на
Go toTop