Претставник на Хамас отфрли нови преговори за заложниците и заробениците без израелско повлекување од Газа

December 18, 2023
1 min read

БЕЈРУТ (АА) – Претставник на Хамас вчера порача дека преговори за уште еден договор за размена на заложници и затвореници со Тел Авив не се можни додека израелската армија не се повлече од Појасот Газа и не се имплементира трајно примирје, пренесува Анадолу.

Халил Ал-Хаје, претставник на Хамас од Либан, за Ал Џезира изјави дека ќе го продолжат својот отпор против Израел во опколената енклава.

Тој ја нагласи потребата од сеопфатен прекин на огнот и комплетно повлекување на израелските трупи од Газа пред да се говори за прашањето за заложниците и заробениците.

Во воздушните и копнените напади на Израел врз Газа, по нападот на Хамас на 7 октомври, загинаа над 18.700 Палестинци, главно жени и деца, а уште повеќе се повредени.

Војната ја остави Газа во урнатини со половина од станбениот фонд на крајбрежната територија оштетен или уништен, а речиси 2 милиона луѓе се раселени во густо населената енклава, каде што има и недостиг на храна и чиста вода за пиење.

Од околу 240 луѓе земени како заложници од Хамас за време на офанзивата пред повеќе од два месеца, околу 130 остануваат во заробеништво откако другите беа вратени за време на привременото примирје минатиот месец.

Израелските војници застрелаа и убија уште тројца израелски заложници во северниот дел на Газа откако погрешно ги идентификуваа како закани, според портпаролот на израелската армија.

Коментирајќи го изразот „денот потоа“, кој го користат израелските кругови за да укажат на сценаријата по војната во Газа и по Хамас, Ал-Хаје рече: „Нашата победа е ‘денот потоа’ во Газа. Секој што размислува за тоа што следува по Хамас сонува, нема да се воздржуваме во одбраната на нашиот народ додека не се ослободат нашите свети места и територија“.

Тој го истакна капацитетот на групата да му се спротивставува на Израел со месеци, уверувајќи дека отпорот е во добра состојба и е решителен. „Нашиот народ никогаш нема да го подигне знамето на предавање; тој ќе остане во својата земја и ќе го поддржи отпорот“, рече тој.

Ал-Хаје нагласи дека Газа, Западниот Брег и цела Палестина се едно, а за нивното администрирање ќе одлучи само народот. „Иднината на Газа е поврзана со иднината на Ерусалим и на цела Палестина, а ние сме дел од нашиот народ.“

Тој укажа и на итната потреба од стотици камиони со помош дневно во Газа, апелирајќи до арапските и исламските земји да вршат притисок за испорака на хуманитарна помош. „Окупаторскиот Израел ја погодува Газа со два вида оружје: бомбите и гладот“, додаде тој.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Орбан му честиташе на Вучиќ: Србија нема да запре

Следно

Зошто СДСМ не лобираше кај Шолц да го прати бугарскиот премиер на кафе кога се гласаше за преговори за Македонија?

Latest from Blog

Без струја делови од Центар, Аеродром и Сарај

Без електрична енергија денеска од 06:00 до 08:00 часот се корисниците од ул.Максим Горки бр.20 и објектот Луна Бизнис на ул. Новопроектирана 2, како и објектите околу бизнис центарот во општина Центар,

ИСТОРИСКА РАКОМЕТНА МАГИЈА: Кометал Ѓ.П. пред 23 години ја освои Лигата на шампионите (ВИДЕО)

19 мај 2002 е испишан во македонската ракометна историја. На денешен ден, пред 23 години, Кометал Ѓ.П. стана првак во Лигата на шампионите, ја донесе првата европска титула во нашата земја. На

Почна садењето на тутунот во Прилепско, се очекува зголемено производство за 15 проценти

Почна садењето на тутунот од годинашнава реколта и во Пелагонискиот регион веќе се засадени околу 25 проценти од површините. Според Сојузот на земјоделските здруженија, големи се очекувањата за годинашново тутунопроизводство кое е

Панатинаикос го доведе првото засилување за наредната сезона

Кошаркарскиот клуб Панатинаикос го обезбеди првото засилување за следната сезона. Тоа ќе биде Василис Толиопулос (28), репрезентативец на Грција, кој пристигнува од Арис, Солун. Толиопулос го одигра последниот меч за Арис во дуелот
Go toTop