ВМРО-ДПМНЕ и Левица се единствени кочничари – Митева: Европските пријатели на Ковачевски се невидливи

December 17, 2023
1 min read

реклама


Антиевропските Вмро ДПМНЕ и Левица се единствените кочничари на европскиот пат и во Извештајот на ЕК јасно е потврдено дека партијата на Мицковски се кочничари на реформите. Канцеларот на Германија, Олаф Шолц е докажан пријател на Македонија кој силно го поддржува нашето членство во ЕУ. Но кога ДПМНЕ ги споменува Шолц и Орбан треба да го праша нивниот најблизок соработник Виктор Орбан зошто не гласал, велат од СДСМ .

„Единствен кочничар на државата е анти-ЕУ и анти-НАТО коалиција на ДПМНЕ и Левица.Иако имаме успешен скрининг, иако имаме силна поддршка во Унијата и отворени врати, поради активната блокада на Мицкоски и Апасиев во македонското Собрание не започна процесот на отворање поглавја.Виновникот има име и презиме: Мицкоски и ДПМНЕ.Мицкоски ги понижи македонските граѓани и македонскиот народ.Откако пропаднаа и сите лаги со кои што го плашеа македонскиот народ, дека некој ќе ни го смени идентитетот, дека ќе сме се асимилирале и бугаризирале.Сега на граѓаните им е кристално јасно: со ДПМНЕ и Левица нема Европска Унија, нема иднина.ДПМНЕ ја загуби идеолошката матрица и почна да забегува заедно со Левица“, вели Дарко Каевски.

реклама

Високите европски претставници сметаат дека Македонија не е спремна да ги започне преговорите со ЕУ не поради Бугарија, туку поради високото ниво на криминал и корупција во врвот на власта.

„Ковачевски, Маричиќ и Османи кои деноноќно беседеа дека Македонија има пријатели, не успеаја до денес да ги убедат високите претставници да ја убедат Бугарија да го повлече ветото, а најдобар доказ дека тоа е возможно е почетокот на преговори со Украина. Дополнително, Социјалдемократскиот сојуз и германскиот канцелар Олаф Шолц се од исто политичко семејство на социјалдемократите, па се прашуваме зошто тие не го замолија бугарскиот премиер да ја напушти салата на кратка кафе пауза за да се изгласа одлуката Македонија да ги започне преговори со Европската Унија и на тој начин да се реши проблемот?“, вели Марија Митева.

реклама

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Обединетото Кралство и Германија повикаа на траен прекин на огнот во Појасот Газа

Следно

Обединетото Кралство и Германија повикаа на одржлив прекин на огнот во Појасот Газа

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop