Обединетото Кралство и Германија повикаа на траен прекин на огнот во Појасот Газа

December 17, 2023
1 min read

Министрите на двете земји, Дејвид Камерон и Аналена Баербок во текстот истакнаа дека не мислат дека „повикувањето сега на општ и итен прекин на огнот, со надеж дека тој на еден или друг начин ќе стане траен, е патот што треба да се оди“

Обединетото Кралство и Германија во заеднички текст во заеднички текст напишаа дека потребно е да се направи се што е возможно за да се отвори патот кон траен прекин на огнот, со што би дошло и до траен мир во регионот, а најдобро би било тоа да се случи итно и што е можно поскоро. Во текстот се нагласува дека се убиени премногу голем број на цивили, а британската влада преку вицепремиерот Оливер Дауден го повика Израел на воздржаност.

„Израел се соочува со многу тешка ситуација … Ако го нападнете непријателот кој буквално се крие под болниците, среде цивилното население, тоа ќе предизвика голем број цивилни жртви. Ние велиме, во својство на британската влада, дека Израел мора да покаже воздржаност“,

рече Дауден.

Во текстот се нотира дека Израел имал право да се брани по терористичкиот напад на Хамас и дека припадниците на групата секојдневно продолжува да истрелува ракети за да убива израелски цивили и дека Хамас итно мора да го остави оружјето.

Инаку, според информациите, денеска пет Палестинци го загубиле животот во окупираниот Западен Брег откако израелската армија во рација на бегалски камп отворила оган. Израелската војска соопшти дека извршила воздушни напади „против повеќе вооружени терористички групи кои пукале, фрлале експлозиви и ги ставиле во опасност војниците“.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДОМ ја промовира предизборната програма 2024-2028

Следно

ВМРО-ДПМНЕ и Левица се единствени кочничари – Митева: Европските пријатели на Ковачевски се невидливи

Latest from Blog

Николоски: Почна историска надградба на аеродромот во Охрид

Денес започна сериозна реконструкција, надградба и проширување на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, што е прво вакво големо интервенцирање од неговата изградба. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека со

Клучното пристаниште на Путин гори (ВИДЕО)

Украинскиот напад повторно предизвика пожар во руското пристаниште Уст Луга на Балтичкото Море, објави регионалниот гувернер на Ленинградската област, Александар Дрозденко, во неделата на Телеграм. Руските сили соборија 36 дронови во регионот,
Go toTop