Вучиќ: „Очекувам добра излезност и убедлива победа“

December 17, 2023
1 min read

БЕЛГРАД (АА) – Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес гласаше на вонредните избори во Србија на гласачкото место во Нов Белград, известува Анадолу.

Вучиќ во утринските часови стигна на бирачкото место и долго чекаше во ред за гласање бидејќи граѓаните по отворањето на гласачките места почнаа да доаѓаат за да ја извршат својата граѓанска должност.

„Очекувам многу добра излезност и убедлива победа. Се надевам дека сите актери на изборниот натпревар ќе се однесуваат рационално, сериозно и одговорно, иако не сум сигурен во тоа. Очекувам Србија во наредниот период да има многу важни работи, многу нешта што мора да се сторат. Кога велам убедлива победа, верувам дека листата ‘Србија не смее да запре’ ќе биде близу до апсолутното мнозинство или ќе има апсолутно мнозинство“, порача претседателот Вучиќ.

Тој истакна дека на локално ниво „нема да гради односи со Хрватска“.

„Бачка топола и Ниш нема да градат локални односи со Хрватска“, нагласи Вучиќ.

Вучиќ изрази благодарност до српскиот народ од Косово бидејќи од утринава се создава гужва на бирачките места каде може да се гласа на југот од Србија.

Тој истакна и дека се кршел предизборниот молк.

„Го кршеа брутално, но тоа го правеа секојпат. Тоа секогаш е израз на немоќ и обид секогаш некој друг да се обвини за нешто и за сопствените неуспеси. Ќе го слушаме тоа денес и следните денови. На крајот, резултатот ќе биде онаков како што ќе посака народот и онаков каков што народот ќе покаже денес на гласачките места. Верувам дека луѓето на крајот ќе гласаат во согласност со интересите на своите семејства и својата земја. Мислам дека тоа е најважно“, додаде Вучиќ.

Во Србија во тек се вонредни парламентарни избори, вонредни избори за Собранието на Автономната покраина Војводина, вонредни избори за главниот град Белград и уште 65 локални самоуправи.

Гласачките места се отворени во 7, а се затвараат во 20 часот. На парламентарните избори право на глас имаат 6.500.165 граѓани, на покраинските во Војводина 1.669.734, а на изборите за градот Белград 1.613.190.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ковачевски: Ја интегрираме државата во ЕУ, со полноправно членство во брзи рокови ќе ги осигураме перспективите

Следно

Меџити: Од денеска бесплатен хеликоптерски транспорт за најитните случаи

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската транзиција е шанса за жените и младите

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари значајна средба со постојаната координаторка на Обединетите нации, Рита Колумбија, посветена на зајакнување на соработката за одржлив развој. На средбата се дискутираше

Манасиевски: Ристоска и Бубевски контролирале сè во СЈО, Јанева делела предмети по насока на Заев

Професионалците Ленче Ристоска и Гаврил Бубевски се однесувале како Алфа и Омега во СЈО, а денес се прикажуваат како жртви, додека Катица Јанева ги делела предметите на нејзините тимски играчи, од добиените

Пезешкијан: Иран не бара војна, економскиот притисок има за цел да ја оцрни владата

Зборувајќи на состанокот со религиозните водачи и следбеници од различни вери по повод 47-годишнината од Исламската револуција, Пезешкијан нагласи дека Иран се стреми кон мир, единство и служба на народот. Тој истакна

Андоновски на Глобален дијалог во Будимпешта 2026: Стратешката соработка е клуч за градење отпорни системи во дигиталниот свет

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, еден од главните говорници на Budapest Global Dialogue 2026, истакна дека стратешката соработка меѓу државите и партнерите е суштинска за градење отпорни институции, стабилни демократии и
Go toTop