Албанија и врати 20 икони на Северна Македонија

December 16, 2023
1 min read

ТИРАНА (АА) – Албанија и врати 20 икони на Северна Македонија кои им припаѓале на нејзините цркви и манастири, а кои албанските власти ги заплениле пред неколку години, известува Анадолу.

Министерката за култура на Албанија, Елва Маргарити, напиша на социјалните мрежи дека по 10 години работа успешно го завршиле процесот на предавање на 20 икони кои им припаѓале на црквите и манастирите во Северна Македонија.

„Во име на албанската влада на мојата колешка Бисера Костадиновска – Стојчевска, и ги предадов овие икони запленети 2013 година и за кои се покажа дека се сопственост на соседната земја. И благодарам на македонската страна на плодната соработка и на сите албански и меѓународни институции кои беа дел од оваа операција. Уште еднаш албанската држава покажа дека е на страната на законот, давајќи позитивен пример во процесот на враќање на украдените, исчезнатите или изгубените предмети од културното наследство во земјите на нивното потекло, во согласност со меѓународните конвенции“, објави Маргарити.

Примопредавањето се одржа во националниот историски музеј во Тирана.

Албанските власти во 2013 година запленија стотина икони и уметнички дела кои биле украдени или препродавани.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

56-годишна жена нападната од млада девојка во центарот на Скопје

Следно

Целосно опремен кабинетот по информатика во училиштето „Кирил и Методиј“ во Стајковци

Latest from Blog

Астон Вила „крена раце“ од Мартинез, ќе го купува Сузуки

фото: Le 12e Analyste @ResiliencePSG (X) Новинарот Екрем Конур денеска објави дека екипата на Астон Вила се подготвува за разделба со аргентинскиот репрезентативен голман Емилијано Мартинез. Според Конур, англискиот клуб засилено работи

„Белата куќа повеќе нема да биде безбедна за Трамп“

Боруџерди нагласи дека одмаздата за атентатот врз поранешниот врховен лидер Али Хамнеи станала „обврска“ за неговите следбеници и „сите слободни луѓе низ целиот свет“. Тој додаде дека Трамп, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

Локалитетот Куклица се уште е под узурпација: Една жена не ги пушта туристите, се вративме сите и странци и наши

Иако помина еден месец откако јавноста беше информирана дека татко и ќерка од Кратово го узурпирале заштитеното подрачје Куклица, и незаконски наплаќале влез на посетители, проблемот се уште не е надминат, бидејќи

Хит видео од фронтот: Митралез го врти и отфрла рускиот војник (ВИДЕО)

Видеото, за кое се верува дека е автентично според достапните информации, прикажува руски војник како отвора оган од митралез поставен на импровизирана ротирачка поставка. Сепак, поради силен отскок, оружјето одеднаш се свртува
Go toTop