Во 2023 година рекорд во потрошувачката на јаглен во светот

December 15, 2023
1 min read

реклама


 Во 2023 година побарувачката на јаглен во светот достигна 8,53 милијарди тони, што е историски рекорд, соопшти денеска Меѓународната агенција за енергија (ИЕА).

„Од 2024 година, глобалната потрошувачка на јаглен треба да покаже тенденција на намалување“, проценува ИЕА во прогнозите објавени два дена по завршувањето на 28-от меѓународен климатски состанок на ОН во Дубаи, каде што беше упатен апел да се напуштат изворите на фосилни горива како дел од борбата против глобалното затоплување.

реклама

ИЕА ја нагласува силната побарувачка за јаглен во Азија.

Годинава потрошувачката во Кина скокна за 220 милиони тони (4,9 отсто) во однос на 2022 година, во Индија за 98 милиони тони (осум отсто), а во Индонезија за 23 милиони тони (11 отсто).

реклама

Од друга страна, потрошувачката е помала во Европа, каде што се бележи ненадеен пад од 107 милиони тони или 23 отсто, како и во САД каде е регистриран пад од 95 милиони тони или 21 отсто.

реклама

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Унгарија стави вето на 50 милијарди евра помош од ЕУ за Украина

Следно

Спасовски: Немаше пријава за украдено возило, туку „исчезнато е лицето, а возилото не било тука“

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската транзиција мора да значи инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна иднина

Праведната енергетска транзиција мора да значи конкретни инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна енергетска иднина, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Таа информираше дека е одржан координативен состанок со

САД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забрана

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената.

Меџити по пресудата во Хаг: Борбата за вистината продолжува

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, ја оцени како разочарувачка и длабоко неправедна денешната одлука на Хашкиот суд за поранешните лидери на ОВК. Меџити во својата реакција порача
Go toTop