Дваесет украдени икони од македонските цркви, од Албанија ќе пристигнат во земјава

December 15, 2023
1 min read

Вкупно 20 икони украдени од македонските цркви, претежно од струшкиот регион утре ќе бидат вратени во Македонија од страна на Албанија во рамките на договорот за соработка меѓу двете држави потпишан минатата година.

Првпат во историјата на нашата држава се прави успешна реституција на културно наследство, благодарение на добрата соработка меѓу владите и министерствата за култура на Македонија и Албанија, посочија од Министерството за култура.

Иконите, како што појасни министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, ќе бидат соодветно спакувани да не се оштетат при пренос и ќе бидат однесени во Музејот на Македонија, од каде по процесот на заштита, ќе бидат изложени, а потоа и вратени на МПЦ.

Постапката за враќање на украдените икони од Македонија од Албанија почна во 2013 година, со интенизвни активности последните две години.

Во периодот од 2009 до 2013 година имаше силен бран на насилно влегување во црквите, особено во Западна и Југозападна Македонија, каде што се однесоа стотици икони. Само на подрачјето на Одделението за внатрешни работи Струга, како што информира за МИА портпаролот Стефан Димоски, имало 22 пријави за „кражба“ и „тешка кражба“ на икони од цркви. Три пријави за кривични дела „тешка кражба“ во цркви во струшко, според него, имало и во 2017 година.

Кривичните дела се извршени во цркви лоцирани во Струга, Вевчани како и во селата Мали Влај, Радожда, Ташмаруништа, Долна Белица, Безево, Јабланица, Луково, Селци, Буринец, Модрич, Дренок… Во останатите години, пријавени се кражби од цркви со одземање пари и друг црковен прибор, изјави Димоски.

Незаконски одземените икони од македонските цркви случајно ги забележале нашите експерти вo 2013 на прилог со премиерот Еди Рама на албанска телевизија.

Една од иконите албанскиот премиер Рама, симболично во знак на соработка му предаде на македонскиот колега Димитар Ковачевски при потпишувањето на договорот за враќање на иконите минатата година во Скопје.

По завршувањето на овој процес за враќање на 20 – те украдени икони во земјава, предвидено е отварање на нов процес за враќање на уште еден контингент идентификувани икони во Албанија.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ЦУК: 1.654 повици на 112, а и покрај дождот имало два пожара на отворено

Следно

Грковска-Нефју: САД ја продолжуваат поддршката на Македонија за спречување на корупцијата, вклучително и со мерки за одговорност за оние кои ѝ наштетуваат на иднината на земјата

Latest from Blog

Турција: 39 сини знамиња се веат на плажите во Кушадаси и Дидим

СКОПЈЕ (АА) – Популарните туристички дестинации Кушадаси и Дидим, лоцирани во областа Ајдин на западниот брег на Турција, продолжуваат да привлекуваат голем број домашни и странски посетители благодарение на своето тиркизно море

Волуметриски модулирана АРК терапија (VMAT) – нов радиотерапевтски третман наскоро достапен во „Аџибадем Систина“

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ наскоро ќе започне со примена на една од најсовремените техники за радиотерапија – волуметриски модулирана арк терапија (VMAT) со новиот линеарен акцелератор TrueBeam. Со тоа, нашата болница и

Езерото како чаршија: „Lakescape“ ќе го претвори Струга во пловен базар на 16 јули

Струга, 15 јули 2025 – Во среда попладне, мирната површина на Охридското Езеро ќе се претвори во жива чаршија: локални занаетчии и европски дизајнери ќе ги наместат своите дуќанчиња на чамци и ќе впловат кон

Алкалоид против Хановер во баражот за групната фаза во Лига Европа

Ракометарите на скопски Алкалоид ќе играат против германски Хановер во квалификациите за пласман во групната фаза во ЕХФ Лигата на Европа, одлучи денешната жрепка. Алкалоид, кој минатата сезона го освои трофејот во
Go toTop