100-годишнина од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Албанија и Туркије

December 14, 2023
3 mins read

ТИРАНА (АА) – ФАТЈОН ЦУКА –

Заедно со 100-годишнината од основањето на Турската Република, годинава се одбележуваат и 100 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Албанија и Туркије, јавува Анадолу.

Еден век односи меѓу двете земји беа проследени со долг процес на соработка, партнерство и потпишување на различни договори, кои кулминираа со официјализирање на стратешкото партнерство во 2021 година.

Албанско-турските односи на политичко поле, па дури и во други сфери, властите на двете земји ги оценуваат како одлични, со оглед на тоа што овие односи имаат своја основа во традиционалното пријателство и соживот меѓу двата народа.

– Историска заднина –

На 15 декември 1923 година е потпишан Договорот за пријателство меѓу Албанија и Туркије, со кој се означува и формалниот чин на воспоставување дипломатски односи меѓу двете земји, додека договорот стапил на сила на 15 јуни 1925 година.

Според Министерството за Европа и надворешни работи на Албанија, на 13 април 1926 година, во Анкара, првиот албански претставник во Туркије, Рауф Фицо, ги предал акредитивните писма во ранг на вонреден и ополномоштен претставник (амбасадор). Во 1926 година, првиот полноправен претставник (амбасадор) на Туркије во Тирана, Тахир Лутфи Беј, ги предаде акредитивните писма.

По Втората светска војна, новата комунистичка власт не ги признаваше надворешните односи на претходните влади и договорите потпишани од нив, а како резултат на тоа односите меѓу Албанија и Туркије доживеаја период на прекин за време на комунистичкиот режим. Односите меѓу двете земји беа обновени во 1959 година, а продолжија и за време на комунистичкиот режим, кога беа потпишани договори меѓу земјите во различни области.

– Стратешко партнерство –

По падот на комунизмот во Албанија во 1991 година, односите меѓу Албанија и Туркије беа редимензионирани и интензивирани во сите области.

Во 2013 година на власт дојде Социјалистичката партија на Албанија, предводена од премиерот Еди Рама, а во новата владина програма беше утврдено дека новата Влада ќе ги поддржи консолидираните и стратешки односи со Туркије.

Во овој контекст, односите меѓу двете земји се интензивираа во повеќе области како што се одбраната, здравството, образованието и културата, додека посетите на високо ниво меѓу двете земји продолжија до официјализирање на стратешкото партнерство.

Важен момент во односите меѓу Албанија и Туркије е официјализирањето на стратешкото партнерство меѓу двете земји во јануари 2021 година, за време на посетата на премиерот Еди Рама на Анкара.

Премиерот Рама и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на 6 јануари 2021 година потпишаа заедничка декларација за Советот за стратешка соработка на високо ниво, со која официјално односите меѓу двете земји се подигнуваат на ниво на стратешко партнерство.

Во меѓувреме, во декември 2022 година во Тирана беше потпишан договор за купување од Албанија на флотата на беспилотни летала (UAV) Бајрактар. Според албанските власти, тоа е производ на стратешкото партнерство помеѓу Албанија и Туркије и во рамките на модернизација на Албанските вооружени сили како членка на НАТО.

Со проширувањето на политичките и економските односи се зголеми и трговската размена меѓу двете земји, а во Албанија моментално делуваат околу 600 турски компании кои вработуваат илјадници луѓе.

– Помош и солидарност на Туркије за Албанија –

Во последните 30 години, Туркије ѝ пружи разновидна помош на Албанија во многу сектори, како и за справување со природните катастрофи.

По разорниот земјотрес од 26 ноември 2019 година, разни турски институции ѝ понудија помош на Албанија да се справи со последиците од земјотресот, додека претседателот Реџеп Таип Ердоган вети изградба на стотина станбени единици од страна на турската држава.

Со церемонија на која присуствуваше и самиот претседател Ердоган беа предадени станбените објекти на проектот финансиран од Туркије, во кој беа вклучени 522 станови, но и трговски единици во местото Лач, Општина Курбин.

Друг важен сектор каде што Туркије обезбеди поддршка е здравството, со изградба на болница, реновирање здравствени центри, помагање во текот на пандемијата на Ковид-19, обука на медицински персонал и лекување на албанските граѓани во Туркије.

Регионалната болница во Фиер, изградена со финансиска поддршка на Туркије, а отворена за услуги за албанските граѓани на крајот на мај 2021 година, албанските власти ја сметаат за модел на успех.

Една од турските институции која континуирано го поддржува развојот на здравствениот сектор во Албанија е Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), почнувајќи од донацијата на амбулантни возила до реновирање на здравствените домови во земјата.

ТИКА, исто така, обезбеди помош и во многу други сектори, како што се земјоделството, образованието и заштитата на културното наследство, преку стотици проекти. Еден од нејзините значајни проекти во последните години беше реставрацијата на некои објекти од културното наследство кои датираат од османлиски период.

Во меѓувреме, првата национална авиокомпанија на Република Албанија, Ер Албанија, започна со работа со поддршка на турските институции, основана во партнерство со Туркиш ерлајнс.

Исто така, изградбата на џамијата Намазѓах во Тирана, најголемата на Балканот, со поддршка на Претседателството за верски прашања на Туркије и турската фондација Дијанет, го оствари сонот на Албанците муслимани да имаат таков култен објект во Албанија.

Туркије, исто така, обезбеди континуирана поддршка на вооружените сили на Албанија, со возила, опрема и со обезбедување воена обука.

Друг елемент што влијаеше на развојот и зајакнувањето на односите меѓу двете земји се илјадниците студенти Албанци кои ги завршија студиите во Туркије, додека денес студентите кои дипломираа во турската држава придонесуваат во различни сектори во Албанија.

Исто така, еден од главните фактори што го зацврсти пријателството меѓу двете земји во текот на еден век е присуството на голем број турски државјани со албанско потекло, кои живеат речиси низ цела Туркије, а кои биле ангажирани во минатото, но и моментално се ангажирани во политичкиот, економскиот, културниот и општествениот живот на турската држава.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Спроведувањето на договорите со Грција и Бугарија, дел од заклучоците од Самитот ЕУ-Западен Балкан

Следно

Велика Британија, Јапонија и Италија потпишаа договор за развој на борбени авиони од следната генерација

Latest from Blog

Холандските обвинители работат на блокирање на извозот на делови за авионите Ф-35 во Израел

ХАГ (АА) – Главниот обвинител на холандскиот Врховен суд побара одобрување на одлуката на Апелациониот суд за стопирање на извозот на делови за борбените авиони Ф-35 во Израел, се вели во официјалното

Во тешка сообраќајка загина Живко Пејковски, поранешен пратеник

Во сообраќајна незгода денеска загина Живко Пејковски, поранешен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор на затворот „Идризово“. Веста за неговата смрт ја потврди и неговиот син преку објава на социјалните

Фетаи: Неселективна и примерна правда за кривични дела говор на омраза и нетрпеливост

Потпретседателот на Владата на Македонија, одговорен за политиките на добро владеење, Арбен Фетаи, денеска го осуди палењето на македонското и албанското знаме, опишувајќи ги како кукавички чинови, кои сведочат за опасниот раст

Скаловски: Институтот за родови студии е во алармантна состојба поради недостаток на кадар

Семејното насилство, фемицидите и дискриминациите, во отворена или камуфлирана форма, и натаму опстојуваат за жал, и тоа е и светски тренд. Но тоа не смее да биде оправдување за да се откажеме

Заврши амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2025 година

Собраниската Комисија за финансирање и буџет вечерва го заврши претресот на амандманите по Предлог-буџетот за 2025 година. По амандманската расправа, како Дополнет предлог-буџет документот се враќа во Владата на финално одобрување по
Go toTop