Ковачевски на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Северна Македонија нема друга алтернатива освен да ја исполни својата ЕУ агенда

December 13, 2023
1 min read

реклама


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски во рамки на работната посета на Брисел, се обрати на Самитот ЕУ-Западен Балкан, каде на највисоко ниво се дискутираше за концептот на забрзана и постепена интеграција, за интегрирањето на регионот на единствениот пазар на ЕУ, билатералните односи меѓу земјите од регионот, како и реформските процеси на земјите од Западен Балкан.

Овој Самит е најважниот политички состанок меѓу земјите членки на ЕУ и земјите на Западен Балкан, можност да се зацврсти на уште повисоко ниво соработката заснована на принципи и вредности на ЕУ, како и потврда за геополитичката итност од проширување на ЕУ со регионот.

реклама

Премиерот Димитар Ковачевски, како што соопштуваат од владината прес-служба, во своето излагање ја нагласил поддршката на Европската Унија која беше клучна минатата година во справување со енергетската криза, а за Северна Македонија тоа беше и можност за градење побезбедна, посигурна и позелена енергетска иднина.  
 
На сесијата од Самитот на ЕУ и Западен Балкан, Ковачевски говреше дека партнерството на Северна Македонија и ЕУ е двонасочна улица, без разлика дали се работи за  зелената агенда, миграцијата, дигитализацијата итн. Според Ковачевски, тоа е однос со партнер кој ние го вреднуваме и во кој веруваме, споделуваме вредности и сакаме да сме дел од заедничката иднина.  

Премиерот Ковачевски истакнал дека Северна Македонија нема друга алтернатива освен да ја исполни својата ЕУ агенда. Успешното завршување на скрининг процесот за земјата, според претседателот на Владата е изразена поддршка за следните чекори на патот на евроинтеграциите на Северна Македонија, со цел непречен тек на преговарачкиот процес.

реклама

Во таа насока, премиерот на Самитот посочил дека овој ден за Северна Македонија можеше да е победнички ден, во кој земјата по успешниот скрининг успешно и брзо продолжува со отворање на поглавјата и евроинтеграцискиот процес.

-Огромна е штетата што опозицијата во земјата е главен кочничар на европската иднина на државата. Граѓаните со денешниот ден и конкретно можат да се уверат дека со вакво анти-еу и анти нато позиции на опозиција, тие ќе бидат лишени од можноста забрзано да се приклучат на прогресивното европско семејство, рече тој.

реклама

Премиерот Ковачевски потенцираше дека и покрај блокадите од опозицијата, оваа проевропска Влада, нема да отстапи од европскиот пат затоа што нашата единствена алтернатива е ЕУ. Воедно, премиерот истакнал дека очекува натамошна поддршка од европските лидери на трасираниот пат на Северна Македонија кон Унијата.

реклама

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ковачевски на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Македонија нема друга алтернатива освен да ја исполни својата ЕУ агенда

Следно

Пренџов: Џафери е познат во јавноста по кршење на деловникот, неопходно е опозицијата да учествува во техничката влада за да се спречат злоупотреби на институциите

Latest from Blog

Барселона направи потег, се чека на Рафиња

ФОТО:Facebook.com/fcbarcelona/ Бразилскиот офанзивен играч од средниот ред Рафиња игра феноменално за Барселона, а каталонскиот клуб размислува за продолжување на неговиот договор. Рафиња пристигна на Камп Ноу од Лидс во 2022 година. Не

ФОН ДЕР ЛАЈЕН ДЕНЕСКА ПРЕДЛАГА РАДИКАЛЕН ПЛАН! Се очекува потрес во Брисел

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пред Европскиот парламент ќе ја претстави најрадикалната промена на европската безбедносна архитектура и соработката во рамките на западното сојузништво предводено од НАТО, покажува ексклузивниот

Семејството на Македон со благодарност до Божиновска: „Покажавте дека зад функцијата стои човек со срце“

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска доби јавна благодарност од семејството Димитровски за поддршката што, според нивните наводи, му ја дала на нивниот син Македон во процесот за приклучување

Со многубројна публика заврши четвртото издание на „Taste the South“

По три дена исполнети со традиционални вкусови, музика, дегустации и дружење, во Гевгелија заврши четвртото издание на гастрономско-музичкиот фестивал „Taste the South“, кој се одржа со поддршка од Општина Гевгелија. Од 11
Go toTop