ДУИ во Тетово ја обвинува општината за мобинг – Касами вели дека директорот на „Истибаг“ немал притисоци за да си даде оставка

December 13, 2023
1 min read

реклама


Советниците на ДУИ во Тетово обвинуваат дека општина Тетово ги користи институциите за политичко пазарење. ДУИ во Тетово бара да преземат мерки бидејќи, како што велат, биле извршени уцени и мобинг врз поранешниот директор на ОУ „Истикбал“, Зија Адеми.

„Јавно го прашуваме градоначалникот на Тетово, во која улога го ангажирал Садат Сулимани во општина, како шеф на инспекторатот или како човек кој врши притисок врз вработените во образованието за да ги реализирате политичките договори со вашите коалициски партнери? Како смете училиштата и најважните функции на училиштата да ги гледате како работни места и да го смените кадарот кога на вас ке ви текне или кога така бара вашиот коалициски партнер“, порача Сали Елмази.

реклама

Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, ваквите обвинувања ги нарекува политички а додаде дека директорот немал притисоци и можел да не даде оставка.

„Воопшто нема притисок бидејќи директорот можеше да не поднесе оставка и тоа можел да го пријави и  во министерство  и министерството знаејќи дека и државниот инспекторат е во рамките на министерството, можеше да постапи по овој случај. Станува збор за класична политичка злоупотреба на ситуација која е оставка како и многу други оставки“, порача Биљал Касами.

реклама

Поранешниот директор на училиштето „Истикбал“ Зија Адеми вчера за ТВ21 изјави дека бил принуден да си поднесе оставка, а барањето му било упатено во име на градоначалникот на општина Тетово. По разрешувањето на Адеми, советот на родители и наставници испрати претставка до Министерството за образование, од каде бараат преземање мерки за овој случај.

реклама

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тензично во Чашка: Шаќири не попушта за паралелка на албански, учениците бојкотираат, полицијата едвај ја спаси директорката

Следно

Објавен новиот роман на Фросина Пармаковска „Сѐ уште можам нешто да сторам“

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop