Жестока кавга за избор на член на ДИК – отфрлен кандидатот на Беса, Зендели праша: Зошто играте вакви игри?

December 13, 2023
1 min read

реклама


Ваква беше реакцијата на Фадиљ Зендели од Беса откако претседателката на Комисијата за избори и именувања Марија Георгиевска прочита дека се отфрла кандидатурата на Абдуш Демири за член на Државната изборна комисија поради тоа што е генерален секретар на Беса. Зошто играте вакви игри, остро реагираше Зендели и обвини дека ДУИ заедно со Алијанса за Албанците сакаат да нема член во ДИК од Беса за да се прават манипулации на изборите.

„Зошто играте вакви игри, што ви требаат ваквите игри нема да ви помине ова. Знаете и самите дека нема да ви помине. Зошто играте со законот, зошто играте со изборниот процес. Жалосно е што играте по логиката на ДУИ и Алијанса, а нивната логика е Арбериа, Соравија, Еуровиа и сите скандали поврзани со нив“, вели Фадиљ Зендели.

реклама

Зендели ја праша претседателката на Комисијата зошто ја отфрла кандидатурата на Демири, по што таа му одговори дека член на ДИК не смее да има партиска функција а тој е генерален секретар на Беса.

„Почитувана јавност ова е биографијата на господинот Абдуш Демири. Работно искуство генерален секретар на Движење Беса од 17 ноември 2022 година тековно до денеска. Јас не сум виновна за неговата потпишана биографија каде што тој кажува дека е генерален секретар и дека тоа до моментот го извршува. Дали тој потпишува или не потпишува изјави не е моја работа нека докажува на друго место, ние работиме согласно документите“, порача Марија Георгиевска .

реклама

Зендели рече дека при поднесувањето на документите биле консултирани службите дали се во ред документите, јас знаев дека вакво нешто ќе се случи, затоа и се консултирав рече Зендели, кој притоа покажуваше и документи дека Демири дал оставка на функцијата пред да биде објавен огласот за член на ДИК, а обвини дека претседателката чита селективно.

„Со изјавата на господинот Абдуш Демири дека се повлекува од политичка партија и од членството во политичка партија е архивирано. Преку овој допис ве известувам дека јас Абдуш Демири согласно статутарните одредби поточно член 15 став 1 точка 1 од Статутот на Движењето Беса доброволно го повлекувам моето членство од движењето Беса“, вели Фадиљ Зендели.

реклама

Реагираше и координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски кој рече дека се елиминира кандидат за член на ДИК без притоа да се побара потврда дали е тој генерален секретар.

„Претседателот, потпретседателот и членовите на Државната изборна комисија ги избира Собранието со двотретинско мнозинство. Каде ви е тоа двотретинско мнозинство, го имате за изборот и за овие тука махинации што ги правите или сакате да го растурите конкурсот за да нема време за конкурс. Па ај Талат и таму да го ставиме, член на ДИК. Уште таму не го измисливте ова, како ви текна оваа работа бе луѓе“, вели Никола Мицевски.

На конкурсот за избор на член на ДИК беа пријавени петмина кандидати од кои освен на Абдуш Демири, отфрлена е кандидатурата и на Роберт Трајковски со образложение дека не доставил документ како доказ за работно искуство.

реклама

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Западот е соучесник во убиствата во Газа“

Следно

Агелер: Ставањето на Анѓушев на „црната листа“ не се заснова на сомнеж, туку на докази

Latest from Blog

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30

Тоневски од Пробиштип: Довербата и транспарентноста се клучни за рамнотежа меѓу рударството и екологијата

Придобивките од рударството за општините мора да се разгледуваат заедно со грижите на населението и потребата од континуирана заштита на животната средина, порача градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој учествуваше на

Коњановски: Документарните приказни од секојдневието се посебната вредност на „Камера 300“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го отвори 34-тото издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“, истакнувајќи го неговото значење за културниот живот на градот и за зачувувањето на наследството
Go toTop