Аврамовска-Мадиќ: Наскоро очекуваме одговор кога најбрзо би бил екстрадиран Палевски

December 13, 2023
1 min read

реклама


Министерството за правда ја отпочна постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски првоосмничениот за двојното убиство на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски. Министерот го потпиша барањето и документите се доставени до Интерпол и надлежните органи во Турција, информираше денеска заменик-министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ, која присуствуваше на пленарната конференција на тема „Национална конвенција на Европската Унија: Темелни општествени вредности за европската иднина“. Посочи дека соработката со министерството за правда на Република Турција е одлична.

-Во релативно насјкоро време очекуваме да добиеме повратен одговор кога би било во најбзро време екстрадицијата. Затоа што напоменав дека Министерството за правда ќе направи напори, тоа да не биде на крајниот рок од 40 дена, туку што може во најскоро време, рече Аврамовска Мадиќ.

реклама

Прашана дали до нив има пристигнато информации за користење на жалби од страна на Палевски, со што би се пролонгирала екстрадицијата Аврамовска Мадиќ со одговор дека правото на одбрана на жалба го има секој осомничен и обвинет, но од страна на министерството за правда и македонските органи на прогон ќе се направи се, за, како што вели, Палевски да биде донесен во Република Северна Македонија.

-Екстрадициониот притвор кој му е утврден и определен од страна на државата во којашто се наоѓа да биде донесен кај нас, а нашите органи, институции, обвинителството и судството во најбрз можен рок да постапат по предметите, бидејќи веќе видовме и од страна на Министерството за внатрешни работи и Обвинителството дека постојат доволен број на докази, да може овој предмет да биде завршен во најбрз можен рок, вели Аврамовска Мадиќ.

реклама

Што се однесува за тоа дали од страна на турските власти е побарана и дополнителна документација од македонското Министерството за правда, Аврамовска Мадиќ истакна дека двете министерства комуницираат постојано, секојдневно.

– Се она што се бара од Министерството за правда во најбрз можен рок се обезбедува од обвинителството, се преведува и се доставува преку системот со којшто се работи, вели Аврамовска Мадиќ.

реклама

Посочи дека има барања за документи, а како што вели можеби ќе има или нема да има. Но, забележа дека таа постапка е малку подолга.

-И не може да знаеме дали ќе биде доволна или ќе има потреба од уште. Меѓутоа нашето постапување од страна на Министерството за правда е во најбрз можен рок. Значи не чекаме постојано, службениците во Министерството за правда кои го работат тоа, постојано се во комуникација со Министерството за правда во Република Турција, рече Аврамовска Мадиќ.

реклама

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Алтун: Технологијата за вештачка интелигенција стана реалност во медиумскиот свет

Следно

Аврамовска-Мадиќ: Мошне скоро очекуваме одговор кога најбрзо би бил екстрадиран Палевски

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop