Министерството за правда ќе направи напори екстрадирањето на Палевски да се случи во најскорен можен рок

December 13, 2023
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Заменик-министерката за правда на Северна Македонија, Викторија Аврамовска-Мадиќ, изјави дека Северна Македонија очекува одговор од Туркије за екстрадицијата на Љупчо Палевски – Палчо, главен осомничен за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска, јавува Анадолу.

Заменик-министерката учествуваше на пленарната конференција на тема „Национална конвенција за Европската Унија: Темелни општествени вредности за европската иднина“, во организација на Европското движење во Северна Македонија.

Во изјавата за медиумите таа истакна дека Министерството за правда ја отпочна постапката за екстрадиција на Палевски, дека министерот го потпиша барањето за екстрадиција и дека се подготвија и се доставија документите до надлежните органи, Интерпол и министерствата за правда и надворешни работи на Туркије.

„Соработката ни е одлична со Република Турција (Туркије) и со Министерството за правда. Во релативно најскоро можно време очекуваме да добиеме повратен одговор кога би била во најбрзо време екстрадицијата затоа што напоменав дека Министерството за правда ќе направи напори тоа да не биде на крајниот рок од 40 дена, туку што може во најскорен​​​​​​​ можен рок”, рече Аврамовска-Мадиќ.

Таа, исто така, додаде дека надлежните органи се во постојана комуникација со Интерпол и Министерството за правда на Туркије во врска со можните барања за дополнителна документација.

Потсетуваме дека малолетната Вања беше пронајдена мртва на 3 декември во близина на Скопје, а на 27 ноември беше прогласена за исчезната по пријавата на нејзината мајка.

Во врска со случајот осомничени се пет лица, вклучително и Љупчо Палевски како главен осомничен. Тој на 5 декември беше фатен од турските власти во градот Баликесир откако за него беше распишана меѓународна потерница и определен му е 40-дневен екстрадициски притвор.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пендаровски: Впечаток е дека САД и ЕУ се поревносни борци против корупцијата кај нас од некои институции

Следно

Алтун: Технологијата за вештачка интелигенција стана реалност во медиумскиот свет

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop