Подароци со конфискувани предмети, учениците добија алишта и училиштен прибор

December 12, 2023
1 min read

реклама


Учениците од основните училишта во Сарај добија пакети со разни текстилни производи.

Овие алишта и средства не се купени туку се конфискувани. Директорот на Агенцијата за менаџирање со конфискуван имот, Дритон Небиу вели дека само ОУ “Дитуриа“ во Сарај се поделени пакети за 1550 ученици со алишта и школски прибор.

„Досега имаме дистрибуирано во 10 до 12 училишта, но верувам дека до крајот на оваа година ќе заокружиме некаде околу 30 основни училишта, значи 30 општини низ територијата на РСМ. Почнувајќи од Липково до Струга и од Струга до Струмица. Се подразбира дека времето не ни ветува оваа година да ја покриеме целата територија на Македонија. Ќе продолжиме и следната година.“, вели Небиу.

Освен во училиштата, Небиу рече дека Агенцијата дистрибуирала храна и во болници и затвори, а поделила и апарати за мерење крвен притисок, како и креветски чаршафи.

реклама

„Имаме поделено и во болниците прехранбени производи кои се одземени од пазарниот инспекторат, дистрибуиравме некаде во околу 13 институции, болници низ територијата на РСМ, и во домовите за деца без родители, секако тоа е државна институција. Сметавме дека таа храна е подобро да заврши во болници бидејќи ќе се користи за пациентите,за граѓаните на Република Северна Македонија“, изјави Небиу.

Директорот Небиу објаснува дека робата ја доставуваат до државните институции во зависност од тоа што им е потребно. Тој нагласува дека донирале околу 100 возила на училишта, болници и министерства.

реклама

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пендаровски не го потпиша законот за игри на среќа – дали веќе обезбеди пари за финансирање на кампања?!

Следно

НАТО учебниците треба да одат во архива

Latest from Blog

Малолетничка со породилни болки донесена на Гинекологија, мајката приведена

Малолетничка со породилни болки вчера била донесена на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, по што интервенирала полицијата, а нејзината мајка била приведена. Според информациите од МВР, случајот бил пријавен
Go toTop