Охридските угостители подготвени за Нова година, се очекува добра посетеност

December 12, 2023
1 min read

реклама


Охридските туристички работници се подготвуваат да ги пречекаат гостите кои ќе решат Новата 2024 година да ја дочекаат во некој од угостителските објекти на брегот на Охридското Езеро.

Досега потврдените резервации и успешната летна туристичка сезона укажуваат дека градот ќе биде добро посетен за „најлудата“ ноќ.

реклама

Според последните информации, хотелските капацитети за престојните новогодишни празници се веќе исполнети, особено оние со помал број легла. Помалите сместувачки објекти се речиси стопроцентно исполнети, се чува само по некоја соба колку за сместување свои коминтенти, додека однапред резервираните аранжмани се речиси распродадени.

Поголемите хотели на брегот на Охридското Езеро оваа година слично и на изминатите, ќе работаат за празниците како преку аранжмани,така и врз база на индивидуални посети, но без да организирааат дочек на Новата година. Понудата е различна, зависно категоријата на објектот, но цените се слични на минатогодишните, односно приближно 50 евра за ноќевање со појадок, до некаде 200 евра за тридневен полн пансион со свечена вечера за дочекот на Новата година.

реклама

Помалите хотели се целосно закупени и тоа најмногу со гости од соседните држави, од кои најбројни традиционално се оние од Србија, но и од Бугарија, Грција, Албанија, Црна Гора. Гости ќе има и од подалечни дестинации, од европските земји, но во помал број.

Што се однесува на охридските ресторани, и кај нив веќе се резервирани местата за дочекот како и за останатите вечери, со тоа што цените варираат зависно категоријата и местоположбата, некаде околу 50 евра по лице за Новогодишната ноќ, со понуда на богато мени и неограничен пијалок. Дел од рестораните и баровите ќе работаат и на варијантата отворен влез, без организиран дочек со редовни цени на услугите.

реклама

Она што е позитивно што години наназад гостите кои дошле во градот за новогодишните празници, заминуваат воглавно задоволни од понудата, цените и забавата.

Интерес има за за приватните сместувачки капацитети, но тој е далеку помал споредбено со летната сезона, воглавно најмногу се бараат капацитетите во центарот на градот. Секако, голем број гости ќе има и меѓу оние кои имаат свои станови и викенд-куќи во градот или во некои од туристичките населби на риверата.

Централното градско подрачје и поважните сообраќајници се веќе украсени со реквизити, низ градот се чувствува претпразничната атмосфера, останува уште да се објави информацијата за програмата и уметниците кои ќе бидат задолжени за забавата на отворено, односно за дочекот на Новата 2024 година на Градскиот плоштад.

реклама

MARKETING

MARKETING

Претходно

Во израелскиот напад на Рафа убиени се 12 Палестинци, вклучително шест деца

Следно

Битиќи: Треба да се укине позицијата прв вицепремиер

Latest from Blog

60-годишна жена во Карпош, со тешки повреди однесена во болница

60-годишна жена е жртвата која беше прегазена во вчерашната сообраќајна несреќа која се случи на крстосницата меѓу скопските населби Карпош 2 и Карпош 3, кај Педагошката академија, соопшти денеска МВР. Ја прегазил

Нападот врз новинарите во Визбегово – Обвинителството поднесе обвинение против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица поради попречување на работата на новинарите за време на известувањето за пожарот на депонијата во Визбегово. На 9 јули, на улицата „Индира Ганди“,

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање за намалување на трошоците за производство

„По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро
Go toTop