Каевски: Близок соработник на Мицкоски фатен со кокаин

December 10, 2023
1 min read

реклама


Портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски денеска откриа дека близок соработник на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски бил фатен со кокаин.

„Со денови нема одговор на прашањето за средбите на Мицкоски со Палевски, осомничен за двете убиства, што ја потресоа и згрозија македонската јавност.

реклама

Зошто Мицкоски молчи за средбите со радикалот Палевски кој беше алатка на ДПМНЕ.  Што крие?

И додека јавноста го чека Мицкоски да одговори што разговарале, што договарале, пукна нов скандал, и тоа со дрога, кокаин.

реклама

Истакнат член на ДПМНЕ од Пештани и близок соработник на Мицкоски е фатен со кокаин.

Како што информираше МВР, вчера на 9-ти декември во 2 часот и 55 минути е приведено лицето А.Т. заради поседување предмети со кокаин.

реклама

Станува збор за Александар Толоманоски-Дандаро, близок на Мицкоски и градоначалникот Пецаков.

Еве и дел од нивните заеднички фотографии. Нека види јавноста кои се блиските луѓе на Мицкоски.

Ова е вистинското лице на ДПМНЕ и кажува многу за какви луѓе станува збор.

Очигледно има многу бело околу ДПМНЕ и Мицкоски а не само Белата палата!?“, вели Каевски.

реклама

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Администрацијата на Бајден одобри продажба на оружје на Израел во вредност од 106,5 милиони долари

Следно

Палестинскиот амбасадор во Британија: Опресијата во Палестина не почна на 7 октомври, туку пред 106 години

Latest from Blog

Коњановски: Битола е горда со Михаил, младиот битолчанец кој спаси тричлено семејство

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска во својот кабинет се сретна со младиот битолчанец Михаил Николовски, кој неодамна спаси тричлено семејство во разбрануваното море на една од грчките плажи. Според раскажувањето на

Божиновска: Австриските компании имаат простор за инвестиции во македонската енергетика

Гасификација, интерконектори, батериски системи, обновливи извори, енергетска ефикасност и модернизација на мрежата меѓу приоритетите – отворен простор за австриските технологии и инвестиции Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска

ОКУЛТЕН РИТУАЛ ИЛИ НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ? Мистериозната смрт на 35-годишен Британец во Сицилија ги крена сите на нозе

Британски државјанин е пронајден мртов во изолирана заедница на „хипици“ во Сицилија, а се шпекулира дека можеби учествувал во „езотерични ритуали“, пишува британски „Телеграф“. Италијанската полиција ја истражува смртта на Бенџамин Џон

Продадени се 5.000 влезници, селекторот ги повика навивачите да ја поддржат репрезентацијата

Фудбалската репрезентација на Македонија со меч против Швајцарија, идната сабота во Скопје, го започнува настапот во дивизијата „Б“ на Лигата на нации. Билетите веќе се во продажба по цени кои се движат
Go toTop