ЦУК: Вкупно 1504 повици на бројот 112 во последното деноноќие, најбарана била Итната медицинска помош

December 10, 2023
1 min read

реклама


Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека во последното деноноќие имало  вкупно 1504 повици на Единствениот број за итни случаи 112.

-„Реални“ повици за итни случаи биле 40,56 отсто, а 59,44 отсто други, именувани како „неитни повици“, што биле за други потреби на граѓаните или едноставно не биле итни. Со примањето во ЦУК на овие „други“ повици се растоваруваат од непродуктивни за нив, службите / институциите во Системот за управување со кризи коишто се за итно интервенирање, информира ЦУК.

реклама

Кон Центарот за управување со кризи имало 1,90 проценти од „реалните“ повици за итни случаи што се за комбинирано решавање, што заедно со другите 60,09 отсто „неитни повици“, наведува ЦУК, биле предмет на примање и обработка од дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација во ЦУК.

-Распределбата на повиците за итни случаи, согласно генералната природа на настаните, била следната: кон Полиција биле упатени 47,47 проценти од повиците од 112 во ЦУК, кон Итната медицинска помош 48,10 проценти, кон пожарникарите биле упатени 1,90 проценти, а кон АМСМ 0,63 проценти, соопшти ЦУК.

реклама

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: Слугата Ковачевски ќе стане, за да седне стопанот од ДУИ, Талат

Следно

Деспотовски за филмските студија на Малкович: Се оттргнаа од првичната идеја, но во преговори сме

Latest from Blog

Барселона направи потег, се чека на Рафиња

ФОТО:Facebook.com/fcbarcelona/ Бразилскиот офанзивен играч од средниот ред Рафиња игра феноменално за Барселона, а каталонскиот клуб размислува за продолжување на неговиот договор. Рафиња пристигна на Камп Ноу од Лидс во 2022 година. Не

ФОН ДЕР ЛАЈЕН ДЕНЕСКА ПРЕДЛАГА РАДИКАЛЕН ПЛАН! Се очекува потрес во Брисел

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пред Европскиот парламент ќе ја претстави најрадикалната промена на европската безбедносна архитектура и соработката во рамките на западното сојузништво предводено од НАТО, покажува ексклузивниот

Семејството на Македон со благодарност до Божиновска: „Покажавте дека зад функцијата стои човек со срце“

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска доби јавна благодарност од семејството Димитровски за поддршката што, според нивните наводи, му ја дала на нивниот син Македон во процесот за приклучување

Со многубројна публика заврши четвртото издание на „Taste the South“

По три дена исполнети со традиционални вкусови, музика, дегустации и дружење, во Гевгелија заврши четвртото издание на гастрономско-музичкиот фестивал „Taste the South“, кој се одржа со поддршка од Општина Гевгелија. Од 11
Go toTop