Таравари: Одлуката технички премиер да биде Џафери e симболика и треба да се поддржи од сите

December 9, 2023
1 min read

реклама


Ова е договор меѓу ДУИ и СДСМ од почетокот на мандатот. За нас тоа е симболика, секако ќе го поддржиме. Мислам дека секоја албанска партија, па и сите, треба да покажеме широкоградост во овие моменти и да продолжиме понатаму да имаме успешни избори,  изјави Арбен Таравари, претседател на Алијанса за Албанците, прашан дали е прифатлива за неговата партија одлуката Талат Џафери да биде технички премиер сто дена пред изборите во 2024.

Одговарајќи на новинарски прашања, Таравари одговори дека начелно имаат одлука од Централното претседателство на Алијанса за Албанците на парламентарните избори да настапат самостојно.

реклама

-Но, овие прашања не се затворени. Централното претседателство на партијата е најзначајниот орган меѓу двата конгреса, таму ќе се одлучи дефинитивно, рече Таравари пред почетокот на панел-дискусијата „Активирај се против насилство врз жените и девојките“  што денеска во Скопје ја организираше неговата партија.

За претседателските избори, пак, рече, не дискутирале дали да имаат свој кандидат за претседател на државата и дека и оваа дискусија треба да ја отворат во рамки на партијата.

реклама

-Сите комбинации се можни – и да имаме, и да поддржиме некој друг, ќе видиме. Немаме дефинитивна одлука, додаде  лидерот на Алијанса за Албанците.

На прашањето дали е точно дека го условуваат гласањето за техничката влада поради член во Државната изборна комисија (ДИК), Таравари одговори дека никого не условуваат.

реклама

-Никогаш никого не сме условиле како политичка партија. Сме имале наши ставови, мислам дека не вреди да се зборува. Кој ќе биде член на ДИК одлучува народот на избори. Последните парламентарни избори беа во 2020 година, тогаш народот одлучи Алијанса да има член во Државната изборна комисија. И имаше, но нашиот член во ДИК сега е министер за правда. Наместо него ќе назначиме друга личност. За пет месеци пак ќе има избори и тогаш народот повторно ќе одлучи кој ќе има член во Државната изборна комисија, додаде Таравари. 

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Тие што по улици ги влечеа коските на Тамара, на Мартин, на децата од Смиљковско… сега обвинуваат за политиканство во убиството на Вања и Панче

Следно

Од понеделник изменет режим на сообраќај на патот Прилеп – Битола

Latest from Blog

Проданоски: Грижата за најмладите останува наш врвен приоритет

Во Општина Прилеп денес беше презентиран уште еден реализиран проект во насока на подобрување на образовната инфраструктура. Во ООУ „Добре Јованоски“ целосно е реконструиран дотраениот помошен објект во задниот двор на училиштето,

Тухел изненади со повикот на Вортон од Кристал Палас

Селекторот на фудбалската репрезентацина на Англија, Томас Тухел за квалификациските мечеви против Албанија и Србија на својот список стави имиња кои ја изненадија јавноста на Островот. Адам Вортон првотимецот на Кристал Палас

Божиновска во Атина: Македонија ја зацврстува позицијата во енергетската дипломатија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска учествуваше на P-TEC енергетскиот форум во Атина, каде што го претстави ставот на Македонија како активен и доверлив партнер во регионалната енергетска соработка

Наоѓалиштето „Злетово“ со перспектива за работа најмалку уште 20 години

Рудникот за олово и цинк „Злетово“ располага со геолошки резерви за уште најмалку две децении работа. Ова го покажуваат досегашните геолошки истражувања, како и оние шо престојат, објаснува раководителот на Геолошката служба
Go toTop