Демократскиот сојуз предупредува на кршење на Охридскиот рамковен договор и на Амандман 6 од Уставот на Македонија, со тоа што ќе се формира техничка влада која, како што велат, дополнително ги суспендира и крши одредбите и начелата на соодветна и правична застапеност на сите етнички заедници.
-Со доминацијата на ДУИ, која има само 13 пратеници од вкупно 120 пратеници, се покажува и потврдува определбата на СДСМ по секоја цена да биде на власт, не водејќи сметка за националните и државни интереси, како и за интересите на мнозинскиот македонски народ.
Сакаме да предупредиме дека ваквата политика нема поддршка од мнозинството граѓани и не поминуваат манипулациите дека тоа е Европски фронт, итн, посочуваат од партијата на Павле Трајанов.
Според ДС, овој преседан, како што порачуваат, кој го наметна Ковачевски има силни рефлексии на меѓуетничките односи, како и на натамошна дуизација и криминализација на државата, неодговорноста и неказнивоста на политичката мафија која владее со Македонија.
-Инаку, Демократскиот сојуз е за граѓански концепт и функции да добиваат најспособните, без разлика на етничка, верска или партиска припадност. Тоа треба да важи за сите етнички заедници, без Бадентер и Балансер. Не може овие правила да се злоупотребуваат само во интерес на ДУИ.
Демократскиот сојуз не поддржува формирање на техничка Влада,а уште помалку со премиер од редовите на ДУИ, стои во партиското соопштение.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.