Министерство за здравство во Газа: Најмалку 133 загинати, 259 повредени во израелските напади во последното деноноќие

December 9, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Најмалку 133 лица загинаа во интензивираните напади на израелската војска врз Појасот Газа во текот на изминатите 24 часа, соопшти денес Министерството за здравство во Газа, јавува Анадолу.

Во соопштението на Министерството се вели дека „259 лица се повредени во израелските бомбардирања во изминатите 24 часа“.

„Телата на 71 загинат и 160 повредени лица се донесени во болницата Ал Акса во Деир ал-Балах, во централниот дел на Појасот Газа во изминатите 24 часа“, се наведува од Министерството и се додава дека:

„62 загинати и 99 ранети се донесени во медицинскиот комплекс Насер во јужниот дел на Појасот Газа, како резултат на континуираните израелски напади.“

Израел ја продолжи својата воена офанзива во Појасот Газа на 1 декември, откако заврши еднонеделната хуманитарна пауза со палестинската група на отпорот Хамас.

Најмалку 17.487 Палестинци загинаа, а над 46.480 се ранети во немилосрдните воздушни и копнени напади врз енклавата кои траат од 7 октомври, по прекуграничниот напад на Хамас.

Според официјалните податоци, бројот на загинати во Израел, во нападот на Хамас, изнесува 1.200.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Се рушат начелата за правичност: ДС не поддржува техничка влада со премиер од ДУИ

Следно

Собир во Измир: Се формира Балканска медиумска унија за спречување на дезинформациите

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop