Нема план за евакуација на жителите на Газа кон египетската граница

December 9, 2023
1 min read

КУДС/ЕРУСАЛИМ (АА) – Израел не планира евакуација на жителите на Појасот Газа кон египетската граница, објавија денес државните медиуми, јавува Анадолу.

„Односот меѓу Израел и Египет е стратешки и важен, а двете земји соработуваат за да спречат маса Палестинци од Газа да упаднат на границата со Синај. Не постои план за евакуација на Палестинците кои живеат во Газа кон подрачјето на Рафа, јужно од Појасот Газа, во близина на египетските граници“, изјави неименуван официјален извор за израелската радиодифузна корпорација.

Јавниот сервис објави дека Тел Авив можно е да се согласи за поставување четири нови теренски болници во јужниот дел на Појасот Газа.

Се очекува проектот да биде поддржан од Туркије, Египет, Црвениот крст и Лекари без граници.

Најмалку 133 лица загинаа во нападите на израелската војска врз Појасот Газа во последните 24 часа, соопшти денес Министерството за здравство во Газа.

Министерството соопшти и дека „259 лица се ранети како резултат на израелското бомбардирање во текот на последните 24 часа“.

На 1 декември, Израел ја продолжи својата воена офанзива во Појасот Газа, откако заврши еднонеделната хуманитарна пауза со палестинската група на отпорот Хамас.

Најмалку 17.487 Палестинци загинаа, а над 46.480 се ранети во немилосрдните воздушни и копнени напади врз енклавата кои траат од 7 октомври, по прекуграничниот напад на Хамас.

Според официјалните податоци, бројот на загинати во Израел, во нападот на Хамас, изнесува 1.200.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Неколку лица со знаци на труење со хлор во хотел на брегот на Охридското Езеро

Следно

МТСП: Усвоен предлог Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани

Latest from Blog

Ги знае ли некој овие играчи: Ова е составот на Италија за пријателските!(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/NazionaleCalcio/ Привремениот селектор на италијанската фудбалска репрезентација, Силвио Балдини, објави практично нов состав за претстојните пријателски натпревари против Луксембург и Грција. Веста официјално ја објави Италијанската фудбалска федерација (FIGC). Селекцијата е преполна

Тројца загинале во Уганда- се судриле со слон

Полицијата соопшти дека уште четири лица се повредени во несреќата, што се случила во Националниот парк Мерчисон Фолс на северозападниот дел од земјата во недела навечер. Седум службеници на Управата за приходи

Малолетничка со породилни болки донесена на Гинекологија, мајката приведена

Малолетничка со породилни болки вчера била донесена на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, по што интервенирала полицијата, а нејзината мајка била приведена. Според информациите од МВР, случајот бил пријавен
Go toTop