„Вања била таргетирана жртва“ – цела Македонија ја чека екстрадицијата на Палевски од Турција

December 8, 2023
1 min read

реклама


Киднапирањето на Вања Ѓорчевска било планирано но треба да се разјасни кои биле плановите на киднаперите, вели професорката Светлана Николоска од Факултетот за безбедност во Скопје. Во Клик Плус таа рече дека обдукцијата треба да покаже дали врз Вања е употребено физичко насилство и дали таа има повреди или скршеници.

Според професорката Николоска, многу е важно како постапувала полицијата кога ја примила пријавата за исчезнувањето. Важни, според професорката се информациите дали тие имале проблеми како семејство или пак дали самото девојче имало проблеми, со цел да се потврди дали станува збор за намерно исчезнување на девојчето или станува збор за киднапирање. Исто така важно е што изјавила мајката во полиција, вели Николоска.

реклама

Министерството за правда и Обвинителството во текот на вчерашниот ден на турски јазик го превеле и официјално го испратиле барањето за екстрадиција на првоосомничениот Љупчо Палевски кој е фатен во Баликесир во Турција. Министерот за правда Кренар Лога очекува Турција да одговори што е можно побрзо.

Од друга страна, Обвинителството освен за првоосомничениот, истрага покрена и за Стефан Димковски, лицето кое го возело Палевски од Белград до Турција. Тој се товари за помагање на сторителот на кривичното дело. Обвинителството за сега одлучи за адвокатот на Палевски да не бара никаква мерка за претпазливост бидејќи, како што велат, нема правна основа.

реклама

„Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка за едно лице поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Помагање на сторител по извршено кривично дело од член 365 став 3 вв став 1 од Кривичниот законик. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице“.

Инаку на 5 декември во Баликесир, Турција, Љупчо Палевски беше фатен од полицијата додека одел пеш по автопат. Тој фатил такси божем оди за Истанбул, со цел за да му се изгубат трагите, но потоа се обидел да се врати во Баликесир. Казната за делата за кои се сомничи може да биде и доживотен затвор.

реклама

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Одложено гласањето во Советот за безбедност на ОН за прекинот на огнот во Газа

Следно

Над 200.000 брзи кредити во 2022 година – Ајдини: Да се ограничи каматата, да се воведат повеќе контроли

Latest from Blog

Огромен пожар избувна во бар во Бангкок, најмалку 27 загинати, а осум се тешко повредени (ВИДЕО)

Пожарот започнал во близина на сцената на барот во популарниот кварт Чатучак, а потоа брзо се проширил, прекинувајќи ја струјата и зафаќајќи ја просторијата со чад, велат очевидци. Пожарникарите, кои пристигнале на

Астон Вила „крена раце“ од Мартинез, ќе го купува Сузуки

фото: Le 12e Analyste @ResiliencePSG (X) Новинарот Екрем Конур денеска објави дека екипата на Астон Вила се подготвува за разделба со аргентинскиот репрезентативен голман Емилијано Мартинез. Според Конур, англискиот клуб засилено работи

„Белата куќа повеќе нема да биде безбедна за Трамп“

Боруџерди нагласи дека одмаздата за атентатот врз поранешниот врховен лидер Али Хамнеи станала „обврска“ за неговите следбеници и „сите слободни луѓе низ целиот свет“. Тој додаде дека Трамп, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху
Go toTop