Спасовски: Зголемен проток на патници на граничните премини за 11%, намалување на криминалитетот за 18.8%, поднесени 133 кривични пријави за недозволена трговија со дрога

December 7, 2023
1 min read

реклама


Денеска, (07.12.2023) министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со дел од раководството на МВР и БЈБ беше во посета на Регионалниот центар за гранични работи Запад во Охрид, каде што оствари работна средба со раководствата на СВР Охрид, СВР Битола и РЦГР Запад, а со цел да се слушнат резултатите од постапувањето на полициските службеници по поставените стратешки приоритети и цели, и да се направи своевидна рекапитулација на остварувањата во зголемување на безбедноста, имајќи предвид дека годината наближува кон крајот.

По брифингот со раководствата на овие организациони единици на БЈБ при МВР, министерот Спасовски даде изјава за медиумите во која информираше за безбедносната состојба и за постигнатите резултати и идни планови.

реклама

„Безбедносната состојба на подрачјето во 2023 година е поволна, без индиции да биде нарушена, а благодарение на раното детектирање на новите трендови и закани се олеснува превенцијата и борбата против криминалните појави”, рече министерот Спасовски. Притоа тој се осврна на постигнувањата на РЦ Запад за 2023 година.

„РЦ Запад бележи зголемен проток на патници на граничните премини за 11% споредбено со 2022 година, при што на овие гранични премини влез и излез оствариле 3,4 милиони патници, a на Граничниот премин Ќафасан функционира режимот One Stop Control на проток на патници. Зголемување за 47 % е евидентирано и на бројот на странци со краткотраен престој, а што се однесува до илегалната миграција тенденцијата е иста како во генерални рамки, при што се бележи намалување на обиди за илегални преминување на нашата граница, како резултат на мерките и активностите кои се преземаат на терен и добрата поставеност на нашите служби. За одбележување се и контролните активности на Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро, каде периодов беа пронајдени 620 мрежи со 337 кг уловена риба”, истакна министерот Спасовски.

реклама

Што се однесува до резултатите на СВР Охрид за 2023 година споредбено со 2022 година, Спасовски истакна:

„Во истиот овој период, СВР Охрид бележи намалување на криминалитетот за 18.8%, додека ефикасноста во расчистување на кривичните дела со непознат сторител изнесува 44%. Економскиот криминал бележи намалување од над 11 % на ниво на овој сектор, додека во делот на недозволена трговија со дрога во текот на оваа година поднесени се 133 кривични пријави, а динамиката на откривање и спречување е посебно нагласена во последната половина година, кога е реализирана заплена на наркотична дрога во 78 наврати”, рече Спасовски, со уверување дека вработените во овие две организациони единици ќе продолжат со несмален интензитет да бележат позитивни резултати во гарантирањето на безбедноста.

реклама

Воедно, во пресрет на претстојните празници и очекуваното зголемено присуство на граѓани во туристичките подрачја, министерот Спасовски посочи на уште позајакнати мерки и активности со цел одржување на поволен јавен ред и мир и високо ниво на безбедност.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Болниците на северниот дел на Газа се надвор од функција“

Следно

Продолжуваат тензиите во Парламентот на Албанија

Latest from Blog

Утре се празнува Преподобна Ангелина-заштитничка на семејството, мајките и жените

Преподобна Ангелина била сопруга на светиот деспот Стефан Бранковиќ и мајка на светите Јован и Максим. Таа е позната како пример на христијанска трпеливост, смирение и длабока вера. По смртта на сопругот,

Ахмети живее во фолклорот од пред 20 години, вели Муцунски за барањето за избор на Влада со „Бадентер“

Али Ахмети уште живее во фолклорот од времето кога првпат има земено учество во владата од 2002 година. Поминати се многу години, повеќе од 20 од времињата во коишто е заглавена неговата

Авион на „Рајанер“ удрил во цистерна на аеродромот во Единбург, патниците евакуирани

Авион на ирската авиокомпанија „Рајанер“, на лет за Португалија, денеска удрил во цистерна за гориво на аеродромот во шкотската престолнина Единбург, поради што патниците биле евакуирани, соопшти портпарол на аеродромот, додавајќи дека

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски смета дека темата за прием на одбиени баратели на азил во земјава, шпекулативно ја отвориле медиуми од Обединетото Кралство, и тоа не само
Go toTop