Ковачевски во Брисел: Европската Комисија препознава солидно усогласување на нашето законодавство со европското

December 6, 2023
1 min read

реклама


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска за време на работната посета на Брисел во рамки на која го отвори претпоследниот билатерален скрининг за поглавјето 30 посветено на надворешните односи даде изјава, која ви ја испраќаме во целост:

„Денес ми е задоволство што сум во работна посета во Брисел, во рамки на која го отворив претпоследниот билатерален скрининг за поглавјето 30 посветено на надворешните односи.

реклама

Процесот на скрининг се одвива успешно и според утврдената динамика.

Од првата меѓувладина конференција на 19 јули 2022 кога официјално ги започнавме преговорите со Европската Унија, се одржуваат објаснувачки и билатерални состаноци, за сите 33 поглавја поделени во 6 кластери.

реклама

Во овој период од 15 месеци, имавме скоро 100 работни денови во Брисел, учествуваа приближно 1.000 учесници од сите институции, беа одржани 850 презентации, а во процесот учествуваа 206 различни институции.

Скринингот завршува утре на 7 декември и навистина сум задоволен што вицепремиерот Маричиќ и неговиот тим во СЕП успешно и во рок го поминаа целиот процес, а задоволството го дели и Европската Комисија и тоа го потврдија во нивниот извештај.

реклама

Констатацијата на ЕК е дека имаме солидно ниво на усогласеност. Понатаму следат патоказите, кои се наша обврска која произлегува од Преговарачката рамка, кои пак се услов за отворање на првиот кластер.

За државата воедно од огромна важност е Планот за раст, кој го презентираше претседателката Фон дер Лајен, а кој го баравме ние, земјите од Западен Балкан. ЕК го подготви и достави Планот и тоа е навистина охрабрувачки.

Планот за раст е токму она што го очекувавме – елабориран, оперативен и фокусиран на неколку приоритети што го прави остварлив, а не само уште еден план со недостижни цели.

Овој План, ќе даде нов, силен поттик на процесот на евроинтеграции. Со неговата реализација која зависи и од ЕУ но пред се од нас, земјите од Западен Балкан двојно ќе го зголемат обемот на економијата на регионот и во земјата преку зголемена економска соработка.

Планирани се 2 милијарди евра во грантови за земјите од Западен Балкан кои имаат можност да користат најмалку  4 милијарди евра во заеми за стратешки проекти кои што ќе го подобрат животот на граѓаните и работењето на компаниите а секако и инфраструктурата за поврзувањето на земјите од Западен Балкан.

За да може да се операционализира сето ова воспоставена е структура за спроведување на планот за раст и на политичко и експертско ниво.

Формирани се експертските и политичките работни групи, а првите чекори веќе и се преземени – на 17. ноември, во организација на Министерството за финансии, во Скопје се одржа министерска конференција со министри за финансии главни преговарачи од земјите од регионот, како и високи претставници од ЕК на која се утврдија детали за понатамошното функционирање на процесот и конкретни рокови кои треба да обезбедат што поскоро пристап до средствата.“

реклама

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Адвокатот со кого Палевски замина во Белград на распит во полициска станица

Следно

Бомгартнер: Патот по кој треба да се чекори е оној кон ЕУ

Latest from Blog

Тошковски: Не смееме да дозволиме вакви немили настани да не однесат во погрешна насока

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на денешната прес-конференција информираше за серија инциденти поврзани со сквернавење на национални симболи во кои вкупно 17 лица, меѓу кои и малолетници, се лишени од слобода

„Нападите во Косово имаат за цел дестабилизација“: Реагира претседателот на Собранието и вицепремиерот на Македонија

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, преку писмени реакција ги осуди нападите во Косово. -Се терористички и насилнички акти кои имаат за цел дестабилизација и закана на безбедноста и мирот во Косово и

Македонски државјанин сакал да се бори за Русија во Украина за плата од 3000 евра

МВР поднесе кривична пријава против македонски државјанин, Ј.К., за „Учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации“. Според информациите, Ј.К. се поврзал преку интернет со лице кое се претставило како регрут

Јанев: Полицијата е партнер на граѓаните, обврска и задача е да им служи

Безбедносните состојби се на завидно ниво, но секогаш мораме да стремиме кон подобро во интерес на поефикасно и поквалитетно извршување на задачите за загарантирана безбедност и сигурност на нашите граѓани, порачав денеска

ДУИ најави интерпелација за Тошковски

Реагираа и од ДУИ кои денеска најавија интерпелација за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и неговиот заменик.  А од Вреди пак возвратија дека луѓе на тие  што нарачуваат интерпелација стојат зад
Go toTop