Уапсено уште едно лице за случајот со Вања, осомничен дека го возел Палевски преку Бугарија до Турција

December 5, 2023
1 min read

реклама


Уапсено е уште едно лице за случајот со убиството на 14-годишната Вања. Станува збор за 46 годишен скопјанец, чиј идентитет се уште не е објавен, а се сомничи за помагање за бегство на првоосомничениот Љупчо Палевски Палчо. Како што информираат од Обвинителството, со ова лице е извршен информативен разговор и на нивно барање, судот определи мерка притвор во траење од 48 часа. Како што велат од обвинителството, постои основано сомнение дека осомничениот го сторил кривичното дело, што произлегува од досега прибавените докази од Бирото за јавна безбедност, Сектор за меѓународна полициска соработка доставено до СВР Скопје во кое е наведено дека лице осомничено дека сторило кривично дело, по кое сега е распишана меѓународна потерница, на 02.12.2023 година било регистрирано на граничните премини во Р.Бугарија и тоа со влез во Р.Бугарија на ГП Калотина и излез од Р.Бугарија на ГП Капитан Андреево (кон Р.Турција). И двете регистрации се со возило марка Ланд Ровер, управувано од осомничениот кој вечерва е приведен.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Анѓушев: Ги негирам сите сомневања изразени од Стејт департментот, ќе ја обжалам одлуката

Следно

Дали Организиран криминал ќе го преземе случајот со Палчо и неговата група?!

Latest from Blog

Авион на „Рајанер“ удрил во цистерна на аеродромот во Единбург, патниците евакуирани

Авион на ирската авиокомпанија „Рајанер“, на лет за Португалија, денеска удрил во цистерна за гориво на аеродромот во шкотската престолнина Единбург, поради што патниците биле евакуирани, соопшти портпарол на аеродромот, додавајќи дека

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски смета дека темата за прием на одбиени баратели на азил во земјава, шпекулативно ја отвориле медиуми од Обединетото Кралство, и тоа не само
Go toTop