ОЈО: Заврши распитот на таткото на Вања, во основа ги негира дејствијата

December 5, 2023
1 min read

реклама


Во обвинителството заврши распитот на таткото на 14-годишната Вања Ѓорчевска во врска со нејзиното убиство за кое тој е осомничен дека споделувал информации со останатите осомничени за нејзиното излегување од дома. Од ОЈО Скопје велат дека во основа тој ги негира дејствијата.

Малолетната Вања беше пронајдена мртва на 3 декември во близина на Скопје, по пријавата за нејзино исчезнување на 27 ноември годинава. 

Осомничени и во 48-часовен притвор за нејзиното убиство, покрај таткото, се Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, кои се дел од партијата Десна на првоосомничениот, Љупчо Палевски – Палчо, кој е во бегство и надвор од државата и за кого е донесена наредба за спроведување истрага и издадена меѓународна потерница.

реклама

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, и скопскиот јавен обвинител, Гаврил Бубевски, вчера на прес-конференција ја образложуваа инволвираноста на таткото на Вања во случајот. Според нив, тројцата претходно приведени кажале дека тој му ги дал информациите на првоосомничениот во врска со движењето на неговата ќерка, за излегувањето од дома и маршутата на нејзиното движење.

Поврзано со овој случај е и убиството на 74-годишниот Панче Жежовски, кој, според надлежните, е, исто така, жртва на сопартијците.

реклама

Според обвинителот Бубевски, велешанецот е само „прометна жртва“ која била искористена за да се земе неговата кола и да се заврши, како што рече „целокупниот криминален потфат“, односно убиството на Вања, а мотивот за убиството на Панче е и тоа што тој имал должничко-доверителски односи со еден од осомничените. 

Додека, според првичните сознанија на полицијата и Обвинителството, мотивот за убиството на Вања е користољубие. Односно,групата сакала да изнуди пари од мајката на Вања, меѓутоа, до тоа не дошло, а ситуацијата, како што посочи обвинителот Бубевски, излегла од контрола кога мајката го пријавила исчезнувањето на својата ќерка и набрзо потоа целата јавност беше крената на нозе. 

реклама

Обдукцијата врз телото на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски во Институтот за судска медицина и криминалистика е, исто така, завршена, но извештаите сѐ уште не се готови, потврдија претходно од Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство Скопје за МИА.

Извештајот од обдукцијата треба да ги утврди причините за смртта на двете жртви кои беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември, по нивното пријавување за исчезнување на 27, односно 24 ноември годинава.

Освен истрагата за Палевски, се очекува кривична пријава со која би се покренала истрага и за останатите осомничени. Со тоа, јавното обвинителство би имало можност да побара определување на нови мерки за осомничените.

Од Обвинителството соопштија дека очекуваат кривичната пријава да пристигне подоцна попладнево. 

– Потоа ќе се подготви наредба за истрага и предлог за притвор, велат оттаму. 

реклама

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ОН: Кон крајот на 2024 година бројот на присилно раселените лица се очекува да надмине 130 милиони

Следно

Почина затвореник од затворот Шутка

Latest from Blog

„Виноскоп“ продолжува динамично: Школка повторно центар на случувањата

Втората вечер од јубилејното 15-то издание на Виноскоп ја разигра Школка со музика, вкусови , безбројни наздравувања и одлично расположение под отворено небо.Публиката уживаше во винската понуда, гастрономските содржини и програмата со

Се реализира исплатата на повратот од „МојДДВ“ за првото тромесечје од 2026 година

Управата за јавни приходи ја отпочна исплатата на средствата од повратот на ДДВ за периодот јануари – март 2026 година. Исплатата, информираат од институцијата, се спроведува етапно, согласно динамиката на обработка на

Средба Николоски – Битов: Поддршка за Македонија преку дијаспората и инвестиции

ОВицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски оствари средба со претставници на иницијативата „Македонија 2025“ и нивни блиски соработници, во рамки на Самитот „Македонија 2025“. На средбата присуствуваа долгогодишните пријатели

Коцевска: Во „Пулс“ немало реконструкција, туку внатрешно уредување – спор според правната квалификација

Една од правните дилеми што адвокатката Ивана Коцевска ја отвори во интервјуто во „Претрес“ кај Ландов се однесува на начинот на кој обвинението го квалификува уредувањето на објектот „Пулс“. Според неа, во
Go toTop