Претпладне по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност – ќе има локални врнежи од дожд, а на планините снег

December 5, 2023
1 min read

реклама


Претпладне по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.

Во Скопје претпладне со  појава на магла и ниска облачност. Попладне и во текот на ноќта ќе има услови за повремен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 6 степени.

реклама

Утре и во среда по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Од утре попладне до четврток ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, во четврток во попладневните часови ќе започне да дува засилен северен ветер и врнежите ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Во петок и за време на викендот ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури.

реклама

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николовски: Задоволни сме од исходот на лидерската средба и од измените на Изборниот законик

Следно

Распишана меѓународна потерница по Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничен за убиството на Вања и Панче

Latest from Blog

Меџити: Без жените нема силно општество и успешна политика

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, вечерва заедно со сопругата, пратенички и претставнички на Форумот на жени во ВЛЕН, учествуваше на конференцијата „Жената и семејството“, организирана во рамки

Трамп до Си: Чест ми е да бидам твој пријател

Тој рече дека САД и Кина имаат „фантастичен однос“ и дека брзо ги решавале проблемите во минатото. „Секогаш кога имавме проблем, луѓето не го знаеја, ние го решававме многу брзо. Имаме фантастична

Одземен е пасошот на претседателот на судот во Гостивар, осомничен за мито

Од Кривичниот суд информираат дека е одземен пасошот на В.Д. претседателот на основниот суд во Гостивар, Елјеса Алији, кој е осомничен за примање на мито. -Постапувајќи по предлог на надлежното обвинителство за
Go toTop