Трајанов: Избори без техничка Влада

December 4, 2023
1 min read

реклама


На денешната средба (4.12.2023) на лидери на политички партии, претседателот на Демократскиот сојуз, меѓу другото ги афирмираше следните ставови:

Прво, евроинтеграциските процеси на Македонија се во сериозен застој поради тоа што во изминатите седум години СДСМ и ДУИ не спроведоа темелни реформи во ниту една област, не воспоставија систем на владеење на правото, ја криминализираа државата, а ги партизираа сите институции, почнувајќи од Уставниот суд, па се до најниско ниво. Секојдневно медиумите, невладиниот сектор и политичките партии, објавуваат криминални афери, а надлежните институции ниту еден крупен случај не открија затоа што се блокирани од партиите на власт.

реклама

Со измените на Кривичниот законик, ДУИ и СДСМ, го урнисаа правниот систем и обезбедија амнестија за актуелните и поранешни носители на високи функции. Овде покрај партиските интереси, треба да се проучат и коруптивните елементи. Уставните измени со кои се предлага Бугарите да бидат внесени во Уставот, веќе година и шест месеци се користат за манипулација на јавноста и дискредитација на политичките опозициони партии пред меѓународниот фактор.

Во оваа насока без да се менува Преговарачката рамка, предлагам сите партии да побараме од Европската унија, со заклучок на Советот на Европската унија, Македонскиот јазик да биде официјален по приемот на Македонија во ЕУ, билатералните прашања вградени во Преговарачката рамка да не можат да бидат основа за блокада на евроинтеграциите на Македонија и да се задолжи Бугарија да ги имплементира одлуките на Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур во врска со правата на Македонците во Бугарија на здружување и формирање на културни домови, здруженија и политички партии.

реклама

Само со вакви гаранции и реципроцитет можеме да ги заштитиме нашите национални и стратешки интереси. Мораме како народ да покажеме цврстина и единство.

Второ, потребни се коренити реформи на изборните правила и создавање на услови за рамноправен политички натпревар. Македонија да биде една изборна единица како темелна основа за промени и демократизација на државата. Измените на Изборниот законик со кој се предлага Македонија да биде една изборна единица, во јуни месец во првата фаза ги гласаа “за” сите партии, што значи има целосен консензус, но сега повторно овие измени се блокирани од ДУИ. Да ги изгласаме овие измени, како и измените предложени од ОБСЕ и ОДХР и да одиме на избори.

реклама

Трето, вториот круг од претседателските и парламентарните избори да се одржат во исти ден, сѐ со цел да не се создадат политички и безбедносни проблеми. Техничката (Пржинска) Влада е непотребна и само на власта ѝ одговара да ја релативизира одговорноста за катастрофалните состојби во државата, колапсот на институциите и секојдневниот грабеж на народот.

Инаку, со актуелниот состав на Владата, прекршен е Охридскиот рамковен договор и Уставот на Македонија, за соодветна и правична застапеност на сите етнички заедници и со технички премиер од редовите на ДУИ, дополнително ќе се наруши етничкиот баланс, што ќе се рефлектира и на меѓуетничките односи.

Мој предлог е оваа Влада, во овој состав, до продолжи со работа до парламентарните избори.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

ОН: Над 80 отсто од населението се раселени поради израелските напади врз Газа

Следно

Падна договор: Двојни избори на 8 мај

Latest from Blog

Предлог закон за замена на македонските возачки дозволи во Република Словенија

Денес, на 28-та редовна седница на Комисијата за инфраструктура, животна средина и просторно планирање на Република Словенија, пратеничката со македонско потекло Сандра Газинковски како предлагач го презентираше Предлог-законот за измени и дополнувања

Конте: Ајнтрахт одигра добро „катанаџо“

Синоќа во рамките од новото коло во Лигата на Шампионите, тимот на Наполи, на чело со нашиот Елиф Елмас во составот на домашен терен одигра само 0:0 против екипата на Ајнтрахт. Иако

Трагедија во Кентаки, САД – најмалку тројца загинати во пад на товарен авион

Ова е застрашувачкиот момент што го потресе Луивил. Безбедносните камери го снимија летот 2976 на УПС, само неколку секунди по полетувањето од меѓународниот аеродром. На левото крило веќе има пламен. Авионот не

Најмалите деца најмногу шират вируси

Есента носи посвежи денови, но родителите знаат дека тоа значи и почеток на сезоната на кашлање, кивање и затнат нос. Респираторните вируси, настинките и грипот циркулираат во училиштата и градинките, па ново

Филипче најави: Ќе се моли по мали партии, дали на повидок е КОАЛИЦИЈА СО ЛЕВИЦА?

Претседателот на СДСМ и воедно најголем губитник на локланите избори, најави дека ќе отвора широкфронт против власта, односно во превод – соочен со немоќта на сопствената партија во распад, сега ќе ги
Go toTop