Во Собранието почна лидерската срдедба за датумот за изборите

December 4, 2023
1 min read

реклама


Во Собранието почна средбата на лидерите на најголемите парламентарни партии во земјата – владејачките СДСМ и коалицијата, ДУИ и Алијанса на Албанците и опозициските ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, партиите од Европскиот сојуз за промени… на која треба да се разговара за претседателските и парламентарните избори 2024 година, но и за евроинтеграциите и техничката влада. На средбата присуствува и претседателот на Собранието Талат Џафери.  

На средбата присуствуваат премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски, лидертот на ДУИ Али Ахмети, на Алијансата на Албанците Арбен Таравари, лидерите од Европскиот сојуз за промена Изет Меџити, Билал Касами, Африм Гаши, на НСДП Горан Мисовски, на ДОМ Маја Морачанин, на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, на Демократскиот сојуз Павле Трајанов…

реклама

Првите луѓе на партиите се очекува да го договорат датумот за претседателските и парламентарните избори, а извесно е дека тие ќе се одржат во мај. Тие во јавните изјави веќе изразија согласност дека изборите би можеле да се одржат тогаш.

Евентуален втор круг од претседателските избори и парламентарните избори најверојатно ќе се одржат на 8 мај. Првиот круг од претседателските избори во тој случај би бил на 24 април. 

реклама

Пред почетокот на средбата во изјави за медиумите веќе познатите ставови ги презентираа лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоцки и на Алијанса за Албанците Арбен Таравари… 

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Таравари: За АА прифатливи термини се крајот на април или почетокот на мај да се одржат парламентарните избори и вториот круг од претседателските избори

Следно

УНИЦЕФ: Треба да веруваме дека можеме да ја запреме „војната против децата“ во Газа

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромите

Создаваме една комплетна инфраструктурна слика за Охрид и охридското крајбрежје. Инвестициите во инфраструктурата, реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродорм и политиката на провлекување на нови авиолинии ќе донесат бројни патници и туристи
Go toTop