Спасовски: Набавката на нова опрема за следење комуникациии не е на МВР, се следат разговорите само оние за кои има судска наредба

December 1, 2023
1 min read

реклама


Шпекулација е дека се следат разговори на сите, се следат само оние за кои има судска наредба, одговори министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прашањето од пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ Игор Јанушев на денешната собраниска седница за пратенички прашања, во врска со набавката на новата опрема за следење на комуникациите.

Спасовски е дециден дека набавката не е на МВР.

реклама

– За сите прашања кои сте ги поставиле до МВР испратен е писмен одговор и за едното и за второто. Сето друго е класифициран податок. Тоа не е моја набавка, за да се прават вакви набавки има надлежни институции, тоа не е набавка на МВР. Единствено нешто што е целосна шпекулација и лага е тоа дека некој може да ги следи сите, следењето за сите беше до 2017-та година кога следевте 20 и кусур илјади луѓе, кога милион и кусур разговори завршија во јавност, кажа Спасовски.

За јавноста, како што рече, следењето во овој момент е само врз основа на судски нареди и ништо повеќе, за оние за кои имаат индиции дека учествуваат во кривични дела и за нив се добива судска наредба и се следат.

реклама

– Ова е само заради јавноста не за вас да не ги плашите луѓето, помина времето во кое сите викавме не смееме д разговараме заради тоа што се следи, потенцира Спасовски и дополни дека тоа време завршило во 2017-та година кога биле следени над 20 илјади граѓани и над милион разговори.

Јанушев го праша Спасовски, дали МВР има издадено одобрение за набавка на новата опрема за следење на комуникациите, затоа што, како што рече, ова е од особена важност затоа што има сериозни индиции дека сте запознаени си предметот на набавката, сте имале увид во техничката спецификација, а наводно, подвлече, сте биле и лично брифиран на состанок. 

реклама

– Веројатно мислите за набавката којашто треба да ја прави Оперативно техничката агенција не МВР. Ако мислите за таква набавка преземени дејствија итн., имате комплетно доставена документација до Комисијата за сите прашања, вклучително и за овие коишто сега ги поставувате. Од моја страна имате доставено писмени одговори до Комисијата и тие ги знаете. Ова е класифицирана информација и повеќе информации не може да се изнесат, истакна министерот Спасовски.

реклама



VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Министерство за здравство во Газа: Медицинските тимови се борат со голем број ранети

Следно

По хуманитарната пауза, во израелските напади во Газа животот го изгубија 70 Палестинци

Latest from Blog

Официјално: Славен Билиќ е новиот селектор на Хрватска!

ФОТО:Hrvatski nogometni savez (HNS) Најавите и официјално се остварија, сега е веќе дефинитивно. Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) официјално објави дека Славен Билиќ е новиот селектор на Хрватска. По неуспешниот настап на „Коцкестите“

(Видео) ФРАНЦИЈА ВО ПЛАМЕН, ЕВАКУАЦИЈА ВО ТЕК: Огнен фронт се заканува да ги збрише селата околу Париз!

Големиот шумски пожар кој во вчера попладне избувна во познатата шума Фонтенбло, на околу 60 километри југоисточно од Париз, и понатаму се шири, а француските власти мобилизираа стотици противпожарни сили, авиони и

Ќе се реконструира Домот на АРМ, потребни се најмалку 10 милиони евра

Целосна реконструкција на објект во „Ќојлија“, Домот на АРМ и хотелот „Шар“, реконструкција на воениот стадион и спортските терени, како и изградба на нова спортска сала во Воената академија, најави денеска министерот

Божиновска: Инвестираме во хидроелектраните, тие се столб на енергетската сигурност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновскa ја посети хидроелектраната „Глобочица“, каде заедно со директорот на Подружница ХЕС „Црн Дрим“, д-р Гоце Божиновски, извршија увид во работењето на еден од

Меџити најави нов меѓународен фестивал во Чаир: „Инвестицијата во културата е инвестиција во идентитетот“

Идентитетот на еден народ се чува, зајакнува и пренесува преку културата, уметноста и традициите што ги создаваме за идните генерации, порача градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на политичката партија ВЛЕН, Изет
Go toTop