Во Кривичен пресуда за Мухамед Зеќири

December 1, 2023
2 mins read

реклама


Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде објавена пресудата за поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, во која тој се товари за „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Застапникот на обвинението, обвинителката Катерина Коларевиќ во завршните зборови рече дека осомничениот Мухамед Зеќири без да спроведе јавна набавка, директно склучувал договори со правни лица кои работеле под сомнителни околности.

реклама

Процесот, како што образложи, почнал кога на предлог на вицепремиерот Фатмир Битиќи, Владата заклучила дека е потребно да се спроведе постапка за да се направи физибилити студија во врска со македонски пошти и Железници Транспорт, а задолжен за постапката бил Мухамед Зеќири во улога на генерален секретар.

– Наместо обвинетиот да спроведе постапка за јавна набавка, тој склучил директно договор со правното лице друштво за менаџмент, консултантски услуги и трговија „Интерхолдинг дуо“, кое било основана само 12 дена пред донесувањето на конкретниот заклучок на Владата. Од сите докази очигледно е дека од постоењето на правното лице обавува само една единствена соработка со секретаријатот на Владата, седиштето на правното лице на ден 13 април 2022 година е најдено заклучено, ниту биле најдени вработени лица. Произлегува дека правното лице единствено било основано заради извршување на договорот склучен со секретаријатот на Владата, истакна обвинителката.

реклама

Обвинителката му предложи на судот да спроведе постапка за конфискација на имотот, но и на парични средства пронајдени во сефот кај сопругата на осомничениот, со образложение дека тие претставуваат парични средства на обвинетиот.

Одбраната посочи дека Јавното обвинителство не доставило доволно докази за да докаже дека осомничениот со директна умисла ги правел активностите, а во текот на постапката се покажало дека Мухамед Зеќири само спроведувал постапки исклучиво по наредба на Владата, а врз основа на одлуки донесени од Владата. Во однос на предлогот на обвинителството за одземање на средствата на сопругата на осомничената, одбраната оцени дека тоа би било незаконски и нечовечки затоа што осомничениот доставил писмени докази за потеклото на тие средства.

реклама

– Зеќири писмено докажа од каде потекнуваат средствата на неговата сопруга и дека тие потекнуват од нејзините родители и се уредно пријавувани, барањето на обвинителството за запленување на овие средства е незаконски, но и нечовечки, поради состојбата во која се наоѓа сведокот, посочи Владмир Андреевски.

Зеќири се изјасни за невин и рече дека само извршувал активности за кои бил задолжен со одлука на Владата.

– Владата во својата работа донесува заклучоци во која ги задолжува органите да постапуваат, мене ме задолжија да ги споредам сите активности, а во заклучокот немаше предвидена јавна набавка. Обвинението дека со умисла сум направил некаква штета, кога јас како генерален секретар само извршував владин заклучок, што беше и моја законска службена обврска. Ако кривичното дело злоупотреба на положбата може да се стори исклучиво со умисла, никако не можам да бидам обвинет за такво кривично дело бидејќи јас извршував само туѓа замисла, посочи тој.

Јавната обвинителка неодамна, согласно измените во Кривичниот Законик, го трансформираше поднесениот обвинителен акт во обвинителен предлог.

– Поднесениот обвинителен акт е трансформиран во обвинителен предлог согласно измените на Кривичниот закон од септември 2023, кои што предвидуваат поблаго казнување за обвинетиот. Врз основа на тоа е извршена измена на диспозитивот на сега поднесениот обвинителен предлог во делот на опфатот на законските елементи на кривичното дело кое му се става на товар, образложи обвинителката.

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од израелските затвори ослободени 30 палестински жени и деца

Следно

Израел побара од жителите на Кан Јунис да се преселат во Рафа

Latest from Blog

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30

Тоневски од Пробиштип: Довербата и транспарентноста се клучни за рамнотежа меѓу рударството и екологијата

Придобивките од рударството за општините мора да се разгледуваат заедно со грижите на населението и потребата од континуирана заштита на животната средина, порача градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој учествуваше на

Коњановски: Документарните приказни од секојдневието се посебната вредност на „Камера 300“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го отвори 34-тото издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“, истакнувајќи го неговото значење за културниот живот на градот и за зачувувањето на наследството
Go toTop