Жените во претприемништвото, клучни за зајакнување на економијата – Сарачини-Келменди: Жените знаат да ризикуваат повеќе од мажите

November 23, 2023
1 min read

реклама


На бизнисот и на економијата им се потребни квалитетите на жената, нивните просветлени мисли, оптимистичкиот дух, темпераментот и волјата, издржливоста за правда и апетитот за развој што жените ги носат со себе, порача вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на Третиот годишен самит на Националната платформа за женско претприемништво со тема „Жените во претприемништвото – клуч за зајакнување на економијата“.

Овој самит го организираше Здружението на деловни жени во партнерство со Фондацијата за менаџмент и индустриски истражувања и Сојузот на стопански комори на Македонија. Дискутираа претставници на институции, организации и жени претприемачи.

реклама

„ЕУ ги повикува сите влади, вклучително и оние како идни членки, да обезбедат еднакви права за жените и пристап до економските ресурси“, вече Бен Напнау, заменик шеф на делегацијата на ЕУ во Скопје.

Меѓу многуте жени претприемачи, на овој прв ден од самитот говореше и генералната директорка на 21МЕДИА, Афердита Сарачини-Келменди. Во својот говор таа се фокусираше на тоа како жените можат да допрат до себе за да можат да бидат охрабрени да водат бизнис и да се поврзат. Зборувајќи за своето патешествие како директор на две телевизии, во Косово и во Северна Македонија, таа рече дека почетоците не биле воопшто лесни, но додаде дека мотото што ја води во нејзината работа е да се размислува за големи работи, ако сакате да станете големи.

реклама

На самитот меѓу другото беше кажано дека платите на жените во земјава се за 17,5% пониски од платите на мажите. Нивните бизниси се застапени со само 30% и не е искористен потенцијалот со кој што можат да ја подобрат состојбата во економијата.

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Апелација го укина предметот ТНТ: Решение носеле разрешени поротници наместо претседателот на советот

Следно

Мицкоски: Не треба да има технички премиер од ДУИ, подготвен сум да се избрише постоење на техничка влада

Latest from Blog

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30

Тоневски од Пробиштип: Довербата и транспарентноста се клучни за рамнотежа меѓу рударството и екологијата

Придобивките од рударството за општините мора да се разгледуваат заедно со грижите на населението и потребата од континуирана заштита на животната средина, порача градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој учествуваше на
Go toTop