Денков: Бугарија нема други барања кон Северна Македонија освен договореното во „францускиот предлог“

November 23, 2023
1 min read

реклама


Сакам јасно да кажам дека во моментов Бугарија нема никакви други барања кон Северна Македонија, освен оние наведени во одлуката на ЕУ од минатата година врз основа на договорено со т.н. „француски предлог“, изјави бугарскиот премиер Николај Денков во обраќањето пред Европскиот парламент во Стразбур на дебатата насловена „Ова е Европа“.

  • Низ годините нашите односи се влошија и не мислам дека за тоа е виновна Бугарија. Условите мора да се исполнат од страна на Северна Македонија за да се отвори преговарачкиот процес и од тој аспект, не прифаќам никаква критика за нашата земја, рече Денков, додавајќи дека во тука не станува збор за односи меѓу Бугарија и Северна Македонија, туку меѓу Северна Македонија и ЕУ.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, ваквиот став на Денков претставуваше одговор на зебелешката на германскиот европратеник од редовите на Зелените, Рајнхард Бутикофер, кој го праша бугарскиот премиер што ќе стори Бугарија за да ја отвори вратата за влез на Северна Македонија во ЕУ.

реклама

  • Може ли некој да ги спори искрените европски аспирации на Северна Македонија, која дури си го смени и името за да си ги отвори вратите на Европа, истакна Бутикофер.

Тој додаде дека Денков во обраќањето ниту еднаш не ја спомена Северна Македонија, чиј „влез во ЕУ досега беше блокиран од Бугарија“, додека во исто време членовите на Европскиот парламент можеле да го слушнат говорот на омраза на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски.

На зебелешката на Бутикофер, реагираше бугарскиот европратеник Андреј Слабаков, кој како и Џамбазки е член на националистичката партија ВМРО-Бугарско национално движење (ВМРО-БНД).

реклама

  • Сакам да му порачам на колегата од Зелените: Не кажувајте дека Џамбаски користи говор на омраза додека тепаат и убиваат Бугари и им забрануваат да се самоопределат, туку дознајте што се случува во Македонија, рече Слабаков.

Џамбаски, кој е копретседател на ВМРО-БНД, во реакцијата на обраќањето на Денков му порача на бугарскиот премиер дека треба да се води од патриотизмот и националните интереси, а не да им служи на странски интереси и наместо да зборува „за авиони, шарени балони и други глупости“, треба да ги истакнува и штити интересите на бугарските граѓани.

Џамбаски нагласи дека Денков треба да говори за високите цени на основните продукти и на енергенсите, кои според него се последица на „зелените политики на ЕУ“, како и за односот кон Бугарите „во Северна Македонија и Србија, каде што до ден денешен им се газат човековите права и се прогонувани“.

реклама

Тој воедно ги обвини и европратениците од редовите на либералната групација Да ја обновиме Европа (РЕ) дека не кажуваат ништо „за репресијата, насилството и негирањето на правото на самоопределување“ на Бугарите.

  • Во вашата групација има луѓе кои се преправаат дека не го гледаат насилството против Бугарите во Република Северна Македонија, изјави Џамбазки.

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Уличен продавач на храна од Менхетен „шокиран“ кога дознал дека вознемирувачот е поранешен американски функционер

Следно

Мицкоски вечева во „Само интервју“ на Канал 5

Latest from Blog

Адвокатот на Линдзи Кленси бара од Трамп да ја помилува, иако таа призна дека си ги убила своите три деца (ВИДЕО)

„Господине претседателе, се надевам дека ќе размислите за тоа каква личност е оваа млада жена, низ што поминала и ќе ја разгледате можноста за помилување“, рече адвокатот Кевин Редингтон во интервју за

ЛШ Полувреме: Мбапе и Валверде ги казнија грешките на Интер, Порто издржа против Сити (ВИДЕО)

Реал Мадрид има убедлива предност од 2:0 по првите 45 минути на натпреварот против Интер во воведното коло од Лигата на шампионите. Можеби резултатот не ја отсликува целосно сликата на теренот затоа

Остра реакција на Исланд поради објавата на Трамп- повикан на разговор американскиот амбасадор

Исланд го повика американскиот амбасадор во Рејкјавик на разговори откако претседателот Доналд Трамп објави фотографија на социјалните мрежи на која се гледа Исланд и други земји под знамето на САД, објави исландскиот

Коњановски: Да продолжиме да ја градиме Македонија како земја на слобода и правда

БИТОЛА – По повод 35-годишнината од независноста на Македонија, денеска бројни делегации положија свежо цвеќе пред споменикот на НОАВМ во Битола. Почит на значајниот датум од македонската историја оддадоа градоначалникот на Општина
Go toTop